Виц на денот: Трпе, Трпана и непознат гостин
Седи Трпана дома, кога некој заѕвонил на врата. Таа отворила, а пред вратата стоел непознат маж кој ја прашал:
- Имате ли вие пи*ка?
Трпана шокирано му ја треснала вратата. Следниот ден пак исто, па вечерта сета вознемирена, му раскажала на Трпе што се случило. Трпе прво добро го испцул перверзњакот и се договориле следниот ден тој да не оди на работа во случај пак да се појави оној човек.
Следниот ден, пак ѕвони некој. Трпе се сокрил позади вратата. Трпана отворила, а пред вратата истиот човек и прашува:
- Добро, имате ли вие пи*ка?!
Трпана собрала храброст и му одговорила:
- Имам!
На тоа тој и рекол:
- Епа тогаш, кажете му на маж ви да ја користи вашата, а не на жена ми!