Вицеви на сметка на плавушите
Некои од најдобрите шеги се направени на сметка на плавушите и полицајците. Денес одвоивме неколку од првиот тип, кои сме сигурни дека ќе изнудат барем мала насмевка на вашето лице.
Зошто плавуша сака да носи пелени?
- За да ја викаат бејби.
Зошто на плавуша и светкаат очите?
- Затоа што мозокот и е на резерва.
Зошто сперматозоидите имаат опашка?
- За да може плавушата да ги извади кога ќе и влезат меѓу забите.
Зошто плавуша носи црна машна околу врат?
- Затоа што има црн појас во пушење.
Колку плавуши се потребни за да се затвори струен круг?
- Две. Едната се бања, а втората и подава фен!
Зошто плавуша носи пожарникарско одело кога оди да купи парфем?
- На парфемот пишува запаливо.
Зошто плавуша пие вода откако ќе изеде јаболко?
- Заборавила да го измие.
Две плавуши седат на кафе и оговараат трета плавуша:
- Слушна ли, се удавила летото на море?
- Како?
- Паднала од кејот во водата.
- Таа нели знаеше да плива?
- Знаеше, ама некој поставил знак забрането пливање.
Плавуша по трет пат го вика келнерот:
- Ве молам уште една коцка шеќер.
- Но, веќе ставивте седум!
- Знам, но сите ми потонаа.