10 Црногорски заповеди
Сите многу добро ги знаеме многубројните шеги за мрзеливоста на Црногорскиот народ, а си правиме и слични на своја сметка.
Ние одвоивме 10 Црногорски заповеди кои ни изгледаа најоригинални:
1. Човекот се раѓа уморен и живее за да се одмори.
2. Сакај го креветот како што се сакаш самиот себе.
3. Одмарај дење, ноќе можеш да спиеш.
4. Немој да работиш – работата убива.
5. Ако видиш некој да се одмара, помогни му.
6. Немој да го правиш денес, она што можеш да го направиш утре.
7. Работи помалку отколку што можеш, она што не можеш префрли им го на другите.
8. Во ладовината е спасот – од одморање уште никој не умрел.
9. Работата носи болест- немој да умреш млад.
10. Кога сакаш да работиш, седни, почекај. Ќе видиш дека ќе ти помине.