Прва деловна лекција
Само што завршила жената со туширање, мажот влегол во купатилот, кога некој заѕвонил на влезната врата. По кратко натегање кој да отвори, жената попуштила.
Набрзина се завиткала во бањарка и ја отворила вратата.
Пред неа Перо комшијата:
- Ооо сосетке, хммм, ќе ти дадам 600 евра ако ја отвориш бањарката. Таа малку се збунила, но размислила на брзинка и застанала гола пред него. Овој и дал 600 евра и си заминал.
Збунета, но среќна поради лесно заработените пари, се се прибрала пак во бањарката и се вратила назад.
- Кој беше? Прашал мажот и.
- Перо комшијата – малку несигурно одговорила таа.
- Аман па тој веќе, му текна конечно да дојде. Ти спомна нешто за 600-те евра што ми ги должи веќе три недели?
Поука: Доколку важните информации за позајмиците ги споделите со своите акционери, можете многу посигурно и навремено да ги спречите евентуалните штети во организацијата.