Виц: Магичните наочари на Перо
Се шетал Перо низ чаршија и здогледал човек што продавал наочари. Застанал и ги гледа, а продавачот го запрашал: - Дали би сакале да ви понудам...
...едни навистина посебни очила?
Перо го погледнал и му одговори:
- Дај да видам какви се.
Продавачот му намигнал и му подал едни црни наочари. Перо ги ставил и кога – што да види. Сите околу себе ги гледа голи. Весело го погледнал продавачот и му рекол:
- Ги земам одма!
Си тргнал Перо накај дома и по пат си се потсмевнувал гледајќи ги сите голи. Влегол дома и вика по жена му да и каже што купил. Кога ќе види жена му со комшијата Трпе на троседот седат голи. Ги извадил наочарите, кога овие двајца и понатаму голи! Пак ги ставил наочарите, погледнува – пак голи..ги вади, овие и понатаму голи!
Се изнервирал, се свртел назад и излегол од дома мрчејќи:
- Еее кога ќе купиш евтино ѓубре, еве одма се расипаа сеа морам да ги мењам за други...