Фотката со која принцот Хари ѝ го честиташе роденденот на Меган Маркл
Меган Маркл денес наполни 38 години, а на официјалниот Инстаграм профил, принцот Хари ѝ го честиташе роденденот со прекрасна фотка и кратка порака.
Денес војвотката од Сасекс го прославува првиот роденден како мајка, а според светските медиуми, денот ќе го помине со најблиското семејство.
На официјалниот Инстаграм профил, беше објавена прекрасна фотка од неа, а во описот пишува:
„На нејзиното кралско височество, војвотката од Сасекс, ѝ посакуваме среќен роденден.“
Пораката оставена од војводата гласи:
„Среќен роденден на мојата прекрасна сопруга. Ти благодарам што ме придружуваш на оваа авантура. – Со љубов, Х.“
https://www.instagram.com/p/B0u59igFbIM/
М. М. | Црнобело