Генијално или глупаво: Свадбени фотографии пред сендвичара?!
Ешли Дејвис од Вангареј, Нов Зеланд посакувала совршени фотографии на денот на нејзината венчавка, но нејзиниот нов сопруг посакувал нешто поинакво.
Па, меѓу церемонијата и приемот на гостите, младоженците заедно со сведоците застанале до KFC да направат неколку фотки и да седнат да јадат.
„Отсекогаш имав посебна „врска“ со KFC, па ми се чинеше како добра идеја да навратам таму и за време на мојата венчавка“ - објаснува Луис Дејвис.
„Таа доби сè, совршени фотографии, церемонија... па, ја замолив да ми ја задоволи само оваа желба“ - додава тој.
Фотографијата на среќната двојка за краток период стана вирална сензација на Фејсбук.
Н. Г. | Црнобело