Тажната љубовна приказна на ќерката на Султан Сулејман и Хурем – Човекот што го сакала морал да ја гледа како се мажи за друг
Хурем го натерала Сулејман да го сослуша барањето на младиот архитект кој бил вљубен во нивната ќерка, но владетелот одлучил таа да склопи политички брак со владетел. Архитектот во име на љубовта кон младата принцеза ќе изгради една од најубавите џамии во Истанбул.
Султанот Сулејман бил пресреќен кога по толку многу синови, Хурем му подарила ќерка. Веднаш одлучиле младата султанка да го носи името Михримах, што значи Сонце и Месечина, а било избрано од страна на мајката на Султанот.
За младата принцеза, која била единствена ќерка на Сулејман Величествениот денес се врзуваат голем број легенди, а една од нив е и онаа за нејзината забранета љубов со познатиот турски архитект Мимар Синан.