-->
Во Кореја има посебен датум за самци кои сакаат да го прослават Денот на вљубените, Сингапур има зграда инспирирана од машина од филмот „Star Wars“, најголемиот трговски центар во светот е во Кина, но таму скоро и да нема дуќани што работат или купувачи... На што прво помислувате кога ќе се спомене Азија, најголемиот светски континент?
Најголемиот светски континент, Азија, е дом на 60% од вкупното население. Тука се наоѓаат две од седумте светски чуда (Таџ Махал и Кинескиот ѕид), највисоката зграда во светот (Бурџ Халифа), највисоките планински врвови, а луѓето на азискиот континент се познати и како најголеми консументи на ориз во светот.
-->
Иако сигурно знаете многу за Азија, нешто од часовите по историја и географија, нешто од работите што сте ги прочитале, сепак постојат интересни работи за овој континент кои ретко кој ги знае.
Во продолжение прочитајте 12 забавни факти за Азија:
Зборот Азија е женско име, а значи изгрејсонце.
Во Кореја има посебен датум за самци кои сакаат да го прослават Денот на вљубените. Тие слават на 14 април, кој е познат и како „Црн ден“. Самците на тој ден вообичаено нарачуваат чинија јајангмјеон, јадење од нудли и темен сос.
Во Сингапур е забранета продажбата на мастики од 1992 година. Тука има строги закони и против фрлање отпадоци, пишување графити, плукање, дување нос во јавност или уринирање надвор од тоалетите.
-->
-->
Кинезите секоја година произведуваат 45 милијарди стапчиња за јадење. И покрај огромната бројка, некои кинески ресторани увезуваат стапчиња за јадење од американски производители, кои често користат полесни дрва кои не треба да се избелуваат.
-->
Кина има само една временска зона иако се протега на 9.957 милиони километри квадратни. За споредба, територијата на Кина е приближно иста по големина како САД, која има шест различни временски зони.
Во Виетнам, Новата година се нарекува Тет, а тоа е исто така и денот кога сите слават роденден. Бидејќи во Виетнам многу луѓе не знаат кога се родендени, Тет станал универзален роденден за сите во државата.
-->
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: