8 факти кои докажуваат дека животот на супермоделите не е секогаш гламурозен
Мрзнат на ниски температури во летна облека додека прават фотосесии и неретко мораат да се пресоблекуваат пред многу луѓе – факти кои покажуваат дека животот на супермоделите не е така совршен.
Од наша перспектива, животот на супермоделите изгледа дури и совршено. Заработуваат многу пари, бесплатно добиваат скапа дизајнерска облека, а сè што треба да прават е да изгледаат убаво на фотографии и модни ревии.
Во реалноста, нивната професија носи многу предизвици кои не би ги издржал секој.
Осум факти што го докажуваат ова:
Кога се настинати, користат друга техника за „дување“ на носот
Моделите неретко мораат да работат дури и кога се настинати, па за да го избегнат црвениот нос користат друга техника.
Ставаат шамивче на прстот, па само ја чистат внатрешноста на ноздрата.
Ги кријат брадавиците со фластер
Кога не носиме градник, сосема нормално е да ни се познаваат брадавиците. Но, веројатно сте забележале дека ова не важи за супермоделите.
За комбинациите без градник, тие скоро секогаш ги покриваат брадавиците со фластер – нешто што сигурно не е воопшто пријатно.
Често имаат проблеми со кожата на лицето
Работата на супермоделите вклучува често шминкање со секакви продукти, дури и оние кои не се најпогодни за нивната кожа.
Поради ова, тие честопати имаат проблеми со кожата на лицето, како иритации и акни.
Некои, како Кендал Џенер, воопшто не го кријат овој факт.
Користат чудни третмани за брзо ослободување од акните
Супермоделите обично не можат да чекаат да почне да делува некој третман против акни.
Па, некогаш се потпираат на неконвенционални третмани, кои не се секогаш и безбедни.
На пример, моделот Тина Џонсон има откриено дека користи оцет за акните.
„Ставам оцет директно на акните. Ако имам многу акни, a утре лицето треба да им биде чисто, го користам како тонер. Ме боли, но барем утре акните ќе ги нема“.