8 факти кои докажуваат дека животот на супермоделите не е секогаш гламурозен
Некогаш позирањето е болно
Веројатно имате забележано дека некогаш моделите позираат застанати на мошне чуден начин.
А, за да биде направена совршената фотка, мораат да останат во таа непријатна положба многу долго.
Покрај тоа, овде се фотосесиите на ниски температури со тенка облека, фотосесии во студена вода и слично, кои траат по неколку часови.
На модните писти не носат чевли со точен број
Штиклите се можеби најголемиот кошмар на моделите.
Покрај тоа што некогаш станува збор за луди модели во кои е речиси невозможно да одите, тие неретко носат и чевли со погрешен број.
Обично моделите носат чевли со поголем број за нивните стапала да изгледаат помали, а нивните нозе – послаби.
Пресоблекувањето не е воопшто забавно
Повеќето модели немаат своја соблекувална и кога се на ревија или за време на фотосесија, мораат да се пресоблекуваат пред други луѓе, скриени во некој тоалет и слично.
Патуваат со повеќе храна во куферот, отколку облека
Иако денес стандардите се менуваат, супермоделите сепак многу внимаваат на исхраната.
Бидејќи не секогаш знаат дали ќе најдат нешто соодветно за нив кога одат на пат, во нивните куфери има повеќе храна отколку облека.
Спирова С. | Црнобело