Во брак е со втор братучед, вработени ја тужат дека им должи плати – Факти за сестрата на емирот од Катар, Ал Мајаса бин Хамад
Како прв човек на музеите во Катар, Ал Мајаса има годишен буџет од околу 1 милијарда долари за набавување на уметнички дела, заради што честопати се шпекулирало дека таа е сопственичка на некои од најскапо продадените уметнички дела.
Сепак, таа се нашла и на удар на катарската јавност кога купила две антички грчки склуптури, кои биле вратени заради голотијата.
Во 2019-та година таа се најде во фокусот на британските медиуми кога поранешни вработени ги обвинија неа и нејзиниот сопруг за нехуманите односи за работење.
Личниот тренер Греам Банкрофт, телохранителката Шантел Мекгафи и туторот Бенџамин Бојд се заканија дека ќе поднесат тужби затоа што парот од нив барал да работат прекувремено без компензација, а немале ниту право на слободен ден.
Наводно, по барањето да му се плати прекувремената работа, туторот Бојд добил отказ, а тој тврди дека работел по 90 часа неделно без слободни денови.
Освен што работел како тутор за децата, од него се очекувало да ги носи на дополнителни активности.
Телохранителката Шантел Мекгафи била задолжена за безбедноста на Ал Мајаса, а тврди дека била отпуштена без претходна најава, а не ѝ била исплатена ниту последната плата.
Иако не се знае колкаво богатсво има принцезата во кралското семејство во Катар, се знае дека таа има луксузни имоти во Њујорк и Лондон.
Се проценува дека во главниот град на Англија, катарското кралско семејство има повеќе имот од британското кралско семејство.
Б. С. Б. | Црнобело