Мажите користат шминка и уште 7 факти за животот во Кина што ќе ве изненадат
Мажите сè повеќе користат продукти за убавина
Мажите во Кина навистина се грижат за својот изглед.
Голем дел од помладите мажи користат ББ кремови со кои ги покриваат несовршеностите на лицето, а користат и лабело за уста со светла нијанса.
Избегнуваат машини за сушење облека
Повеќето Кинези преферираат да ја сушат облеката на сонце.
Дури и ако имаат машина за сушење, ретко кога ја користат.
Просечната висина на населението е зголемена
Според извештај објавен од страна на Кинеската национална комисија за здравје, изминативе неколку години просечната висина на Кинезите постојано се зголемува.
Статистиката покажала дека мажите на возраст од 18 и 44 години во просек се повисоки за 1,2 сантиметри, додека жените на иста возраст – за 0,8 сантиметри.
Во Кина живеат многу етнички групи
Во Кина живеат 1,4 милијарди луѓе и земјата е прва во светот според бројот на жители.
Покрај Кинезите, во Кина се признаени и 56 етнички групи, вклучувајќи Хан, Ујгури, Монголци, Корејци…
Спирова С. | Црнобело