9 факти кои докажуваат дека во светот не е сè така лошо
Интернетот е побрз и подостапен
Се сеќавате ли како изгледаше интернетот пред една-две децении?
Интернетот на телефоните беше луксуз што не можеше да си го дозволи скори никој, а конекцијата што ја имавме дома беше толку бавна, што не можевме да видиме ниту една фотографија.
Денес речиси и да нема дом без интернет, а неговата брзина не се ни споредува со онаа од минатото.
Можеме да градиме училишта со 3Д печатачи
До пред некоја година, 3Д печатачите ни изгледаа како футуристичка технологија, но денес можеме да ги користиме и за градби.
На пример, минатата година во Малави беше изградено училиште со 3Д печатач, и тоа за само 15 часа.
Овие печатачи не само што го забрзуваат процесот, туку и ги намалуваат трошоците за градење.
Многу животни беа тргнати од листата на загрозени видови
Поради нашата несовесност, предизвикавме истребување на многу животински видови.
Но, очигледно стануваме посвесни бидејќи изминативе неколку години голем број животни беа тргнати од листата на загрозени видови.
Медицината е понапредна од кога било
Бидејќи ни се достапни толку многу лекови, за толку многу здравствени проблеми, понекогаш напредокот на медицината го земаме „здраво за готово“.
Покрај лековите што ни помагаат да излечиме настинка за неколку дена и веднаш да ја намалиме болката, третманите за рак стануваат подобри, се работи на вакцина против ХИВ, а има и бројни лекови што значително ги ублажуваат симптомите на хроничните болести.
Се залагаме за полова еднаквост повеќе од кога било
Во поголемиот дел од историјата, жените немале никакви права. Тие не смееле да гласаат, не смееле да работат, не смееле да имаат своја сметка во банка…
Во некои земји жените уште се дискриминирани, на некои места жените уште се соочуваат со мизогинија и некаде жените уште земаат пониски плати од нивните машки колеги.
Но, истовремено, жените никогаш немале повеќе права, никогаш не биле послободни и никогаш не биле повклучени во политика, во образование, во бизнис и сите останати сфери како денес.
Спирова С. | Црнобело