9 факти кои докажуваат дека во светот не е сè така лошо
Се бориме против климатските промени, се бориме за полова еднаквост и живееме многу подолго од нашите предци.
Пандемијата, тензиите помеѓу државите и воените конфликти, но и сè повисоките трошоци за живот лесно можат да нè натераат да мислиме дека живееме во навистина лош период.
Факт е дека ситуацијата не е најдобра, но токму во овие мигови е можеби најважно да се потсетиме и на убавите нешта што се случуваат.
Дури и ако ви е тешко да поверувате, во светот навистина има и убави работи.
Неколку факти што го докажуваат ова:
Живееме многу подолго од нашите предци
Од 1900-тите до денес, просечниот животен век на луѓето е речиси двојно зголемен и сега изнесува над 70 години.
Просечниот животен век во неразвиените земји уште е мал, но постепено се зголемува и таму.
Почнуваме да се бориме против климатските промени
Ние самите сме виновни за климатските промени и иако нè чека уште многу работа, сепак се случуваат некои промени.
Многу земји бараат поеколошки решенија за многу работи, се инвестира во обновливи извори на енергија, а свеста на луѓето за загадувањето се зголемува.
Општеството посериозно ги сфаќа проблемите на жените со менструација
До неодамна, менструацијата беше табу-тема и никој не зборуваше за ова, без разлика што секоја жена поминала низ фаза на менструација.
Денес не само што сме поотворени за менструалните циклуси, туку и општеството почнува да сфаќа дека за многу жени, овој период од месецот е особено тежок.
За некои жени болките и другите симптоми се неподносливи, па дури и парализирачки.
Поради ова, некои држави почнаа да нудат отсуство од работа во случај жената да има многу изразени симптоми.
Истовремено, во многу земји хигиенските продукти, како влошки и тампони, стануваат бесплатни барем во училиштата.
Одржливата енергија станува подостапна
Одржливата енергија, позната и како зелена енергија, станува подостапна.
Иако постојат уште предизвици кои треба да се надминат, денес многу луѓе можат да користат соларна енергија за струја и топлење вода во домот.
Ова пак, е огромен чекор напред во борбата против климатските промени.