Била нацистички шпион, ги оставала своите вработени на улица - мрачното минато на Коко Шанел
-->
Покрај ова, наводно постојат документи кои докажуваат дека Шанел активно ѝ помагала на нацистичката партија за време на војната. Според книгата на Вон, таа била нацистички шпион, па дури имала и број како сите останати шпиони и агенти – F 7124.
Наводно, Шанел ја почнала соработката во 1941 година и била најблиска со генерал Волтер Шеленберг – шеф на германска разузнавачка агенција и многу моќна личност. По војната тој бил во затвор за воени злосторства, а откако го ослободиле, токму Шанел се грижела за него. За многумина, ова е еден од доказите за нејзината поврзаност со нацистите. Покрај тоа, нејзиниот партнер, Ханс Гантер фон Динклиџ, бил истакнат помеѓу нацистите и се верува дека токму тој ѝ ја овозможил работата.
Волтер Шеленберг
Се верува дека Шанел била директно вклучена во планот на Германија да преземе контрола над Мадрид и честопати го посетувала градот со таа цел. Наводно, таа имала и други мисии во кои требала да ги убедува лидерите на противничките земји во војната дека Германија пробувала да склучи мир, но не можела. Исто така, Шанел неретко разнесувала и важни пораки за нацистите.
-->
Можеби најсилен доказ за нејзина поврзаност со нацистите е нејзиното бегство во Швајцарија. Во 1944 година, кога Франција била ослободена, Шанел се преселила во Швајцарија за да не биде осудена како нацистички шпион. Наводно, таа била испрашувана од британски офицери, но не се познати многу детали за тоа.
По крајот на војната, Шанел извесен период живеела во Швајцарија, а околу 15 години подоцна решила повторно да се врати во светот на модата. Продолжила да работи како дизајнерка, но во последните години од животот не била воопшто среќна и била осамена. Според некои извори, Шанел била злобна и тажна старица.
Шанел починала во 1971-ва, на 87-годишна возраст, и тоа во хотелот Ritz каде што отседнувала за време на Втората светска војна.
Спирова С. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот
Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
-->