15 стари женски православни имиња кои се одликуваат со посебна убавина и реткост
Ако се држиме до латинската изрека дека „името е судбина на човекот“ и го земеме предвид значењето на одредени христијански имиња кои со текот на времето западнале во сенка, воопшто не е чудно набрзо повторно да заживеат и да бидат во „мода“, бидејќи како и сѐ друго, така и модата периодично навраќа одредени имиња.
Православните имиња се посебни со причина. Тие се разликуваат и се однесуваат на многу елементи на природата. Доколку сте во потрага по уникатни и несекојдневни женски имиња, решивме да ви помогнеме.
Во продолжение за вас издвоивме 15 стари православни женски имиња кои се одликуваат со реткост и посебност:
Аниа – жена која зрачи со благодет
Aтанасија – бесмртна
Амалија – нежна
Василија – кралска жена
Галина – се одликува со мир и тишина
Димитра – Божица на земјоделието и плодноста
Емилијана – противничка
Костадина – постојана и цврста
Крунија – победничка
Миона – зрачи со милост
Никодија – победничка на народот
Петрија – непоколеблива
Сташа – победничка на неправдата
Теодосија – од Бога дадена
Харитина – радосна
Мила М. | Црнобело