„Старите љубови и старите трупци горат во секоја доба“ - Француски изреки и поговорки кои му пркосат на времето
Секој јазик има свои обележја - поговорки, гатанки и изреки. Голем број од нив се создадени пред неколку векови и сè уште се применуваат во секојдневни, бројни ситуации и настани од современиот начин на живот.
Постојат такви кои ги сметаме за „наши“ без да знаеме дека имаат француски корени.
„Ces’t La Vie!“ – позната изрека чиј превод често го користиме, зарем не?!
Во продолжение за вас ги издвојуваме најпоучните и најинтересните француски поговорки и изреки:
„Колку вреди човекот, толку вреди и земјата“.
„Љубовта ретко умира од ненадејна смрт“.
„Тројца можат да чуваат тајна ако двајца од нив се мртви“.
„Пријателството е љубов без крилја“.
„Само жените и лекарите знаат колку лаги им требаат на луѓето“.
„Жената сака кога може, мажот кога сака!“
„Љубовта е единствената болест од која не сакаме да се опоравиме!“
„Ден без вино, ден без сонце“.
„Жената е како загатка: престанува да ни се допаѓа кога ќе ја откриеме“.
„Потребно е малку за да се собере големо богатство, но потребно е многу за да се собере малку“.
„Бракот е лотарија во која мажите ја вложуваат својата слобода, а жените среќата“.
„Парите се голема работа која ги прави луѓето мали“.
„Никој не е толку дарежлив како оние кои немаат што да дадат“.
„Сиромаштијата го тера човекот да воздивнува, додека во богатството секогаш зева“.
„Младоста живее од надежта, староста од сеќавањата“.
„Минатото е најдобриот пророк на иднината“.
„Човекот треба да се оценува според неговите прашања, а не според неговите одговори“.
„Ако не можете да гризете, не покажувајте ги забите“.
„Чудата им се случуваат само на оние кои веруваат во нив“.
„Старите љубови и старите трупци горат во секоја доба“.
„Ништо не старее толку брзо како милосрдието“.
„Ах, да знае младоста, а да може староста“.
„Како тоа имаме толку многу интелигентни деца, а толку многу глупави луѓе“.
„Оној што паѓа е силен, а тој што се крева е уште посилен“.
„Страстите се единствените проповедници кои секогаш нè заведуваат“.
Мила М. | Црнобело