Факти за животот во минатото поради кои ќе бидете благодарни што живеете во модерно време

Во минатото жените од богатите семејства посакувале снежно бел тен и за таа цел нанесувале бела пудра. Проблемот е што оваа пудра им го загрозувала здравјето бидејќи една од главните состојки било оловото.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-01.jpg

Некогаш можеби посакуваме да сме се роделе во некое минато време, но неретко забораваме дека порано животот бил многу поразличен од она што ни е претставено во книгите и филмовите.

Забораваме дека на луѓето не им биле достапни работи без кои денес не би можеле да си го замислиме секојдневието.

Хигиенските влошки, тоалетите и одењето на заболекар без страв се луксуз кој нашите предци дефинитивно го немале.

Факти за животот во минатото поради кои ќе бидете благодарни за модерното време:

Решението за расипан заб било вадењето

Ако денес ве заболи заб, можете да отидете на заболекар и да ви го поправат. Всушност, денес заболекарите имаат моќ да спасат и навистина оштетени заби, а благодарение на анестезијата, вие нема ни да го почувствувате тоа.

Сепак, нештата биле многу поразлични пред неколку векови и неретко единственото решение за болката во забот било неговото вадење.

Не заборавајте дека обично ова се правело без никаков вид анестезија.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-02.jpg

Лек за ќелавост со измет од птици

Во 17-ти век во Англија доста популарен бил „лекот“ за ќелавост направен со измет од птици.

Според мислењето на тогашните експерти, ако си ја миете главата со вода во која има измет од птици и сол, кога-тогаш ќе ви се врати косата.

Се претпоставува дека и викинзите користеле сличен метод за „лекување“ на ќелавоста.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-03.jpg

Хигиенските влошки не постоеле

Само замислете како им било на жените во минатото пред појавата на хигиенските влошки.

Благодарение на денешните продукти, болката во стомакот е можеби единствениот проблем што го чувствуваме поради менструацијата.

Но, порано жените морале да се снаоѓаат како знаат за да го спречат претекувањето и импровизирале со парчиња ткаенина и слично.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-04.jpg

Шминката била отровна

Во времето кога владеела Елизабета Прва од Англија, жените од аристократските семејства посакувале многу бела кожа. Па, оние што можеле да си го дозволат тоа, нанесувале дебел слој бела пудра.

Проблемот е што една од главните состојки на оваа пудра била оловото. Па, на некој начин, тие се труеле во име на убавината.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-05.jpg

Оцет за миење заби

Во средновековна Британија, многу луѓе ги чистеле забите со оцет. Односно, ја плакнеле устата со мешавина од оцет и малку вода.

Овој период постоеле и други луди третмани – некои верувале дека ако ги истриете забите со мелени коски од риба, ќе ги избелите.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-06.jpg

И животните биле осудувани

Во Европа, во периодот од 13 до 18 век, не биле осудувани само луѓе, туку и животни.

Пронајдени се записи според кои низ неколку европски земји животните, а неретко и инсектите, биле казнувани за разни злодела – од убиство до предизвикување материјална штета.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme07.jpg

Переле облека во урина

Пред појавата на средствата за перење облека, Римјаните сфатиле дека можат да ги отстрануваат дамките од облеката со помош на урина.

Поради амонијакот што го содржи урината, на овој начин успевале да ги отстранат и најтврдокорните дамки.

Ова „средство“ за перење облека се користело и неколку векови подоцна во неколку европски земји.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-08.jpg

Немале тоалети

Во многу древни градови се пронајдени јавни тоалети со некаков вид канализација, но ова не се ни споредува со луксузот што ни е достапен денес.

Во некои замоци имало тоалети поврзани со септички јами, но голем дел од аристократските семејства сепак морале да користат специјални садови.

А, овие садови стоеле во нивните спални соби и биле чистени од нивните слуги. Звучи навистина чудно, но некои луѓе сметале дека оваа професија е престиж.

fakti-za-zhivotot-vo-minatoto-poradi-koi-kje-bidete-blagodarni-shto-zhiveete-vo-moderno-vreme-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg