15 правила кои ќе им бидат наметнати на децата на Кардашијан сестрите - Правете драма, скандалите се важни, заборавете на приватност
Да заборават на приватноста.
За среќа голем дел од нив се екстроверти што уживаат во тоа постојано да бидат застапени во медиумите, но ако нивните деца сакаат да бидат славни ќе мора да се помират со фактот дека нема да имаат приватен живот.
SPOTTED: Kim Kardashian and North West at Saint Wests soccer game today. pic.twitter.com/4If9dUV0rp
— Kimberlina (@KNKWupdates) April 3, 2022
Постојано мора да ја шокираат јавноста за да бидат во центарот на вниманието.
Сестрите Кардашијан се свесни дека скандалите привлекуваат внимание. Секс-снимката на Ким, разголените фотки и пијаната венчавка на Кортни и Тревис – постојано мора да има некој скандал што ќе ги држи на насловните страници.
Мора да бидат мајстор за селфи-фотографии.
На социјалните мрежи се објавуваат само најдобрите фотографии – дозволени се филтри, пози, шокантна облека, а најважно е да изгледате добро.
Да не трошат време на ситни работи.
Сè што прават мора да биде големо – големи забави, големи компании, голема империја. Тоа е единствен начин постојано да бидете на врвот.
Да не се срамат да покажат колку пари потрошиле.
Луксузни автомобили, нови палати, луксузен накит – сестрите Кардашијанс знаат дека парите привлекуваат уште повеќе пари, па не се срамат да покажат колку потрошиле.
Секогаш да носат брендирана облека.
Најстарата ќерка на Ким, Норт веќе има своја колекција чанти вредна стотици илјади долари, децата на другите сестри постојано се во брендирана облека и имаат свои гаражи со автомобили.
Уште од мали нозе знаат дека брендираната облека е симбол за статус.
Секогаш да бидат лојални до семејството.
Иако во многу наврати имале кавги и расправии, сестрите секогаш остануваат заедно и се поддржуваат, а тоа важи и за нивните „посилни“ половини.
Се сеќавате дека Канје влезе во отворен конфликт на социјалните мрежи со Били Ајлиш по смртоносното стампедо на концертот на Тревис Скот?
Ако животот не им е доволно драматичен, да креираат драма.
Кога ништо забавно не се случува со што ќе го привлечете вниманието на публиката, креирајте драма – само така ќе останете релевантни.
Б. С. Б. | Црнобело