Долг нокт на малото прсте се сметал за добри манири: 10 забавни факти за ноктите и маникирот во минатото
Во среден век се верувало дека лакираните нокти биле наменети за вештерки, блудници и грешни жени, во Англија ги закопувале ноктите на децата... Славниот Пушкин рекол: „Можете да бидете разумна личност и да размислувате за убавината на вашите нокти“.
Ноктите откриваат многу работи за нас како личности, а жените денес, па дури и мажите, внимаваат на изгледот на ноктите и редовно посетуваат салони за маникир, експериментирајќи со бојата, дизајнот и должината на истите.
Следните 10 забавни факти за историјата на ноктите со сигурност ќе ве зачудат:
Во древниот Египет, бојата на ноктите го откривала социјалниот статус
Старите Египќани ги бојадисувале ноктите за да го означат социјалниот статус. Високото благородништво ги боело ноктите во сите нијанси на црвена и портокалова, додека робовите, напротив, користеле само неутрални и пастелни нијанси.
На пример, кралицата Клеопатра претпочитала нокти во теракота боја. Оваа нијанса ја добивале благодарение на обичната кана, која се втривала на плочката на ноктите.
И фараоните имале свои „мајстори за маникир“. Оваа позиција се сметала за доста престижна и била наведувана дури и на гробовите на починатите мајстори.
Во античка Кина не било вообичаено да се сечат ноктите
Во античка Кина луѓето намерно ги пуштале ноктите да им растат, но тоа смееле да го прават само претставниците на повисоките класи. Должината на ноктите понекогаш достигнувала и до 15 cm, што според современите стандарди денес изгледа „диво и запуштено“.
За да ги заштитат долгите нокти, кинеската елита носела специјални напрстоци изработени од скапоцени метали и камења, што елоквентно сведочеле дека ваквите луѓе не се занимаваат со физичка работа.
Во средниот век, лакираните и долгите нокти биле знак за лоши манири
Се верувало дека лакираните нокти биле наменети за вештерки, блудници и грешни жени. Жените можеле да се обвинат за вештерство дури и поради преголемата должина на ноктите.
Затоа, побожните дами ги скратувале ноктите со нож или ги сечеле со некое остро сечило.
За време на владеењето на Луј XIV, било вообичаено да се расте ноктот на најмалиот прст
Во 17 век, француските дворјани ги пуштале ноктите, но не на сите прсти, туку само на најмалиот прст. Силното тропање на вратите од одаите на кралот се сметало за знак на лош вкус, а гребењето со нокт се сметало за норма на пристојност.
Холанѓаните имале посебен гест кој јасно давал до знаење дека е време да се дополни чашата
Во 17 век во Холандија, ноктите извршувале необична и забавна функција. Кога им снемувало пијалак, Холанѓаните ја превртувале празната чаша преку ноктот, со што покажувале дека ниту капка течност не паднала на ноктот. Овој гест означувал дека чашата треба да се дополни со пијалак.
Стоматолозите дале важен придонес во развојот на маникирот
Првите лажни нокти ги измислил стоматологот Максвел Лапе во 1934 година. Докторот бил инспириран од неговите невротични пациенти кои ги гризеле ноктите.
Со цел да ги одвикне клиентите од лошата навика, Лапе смислил „прекривки“ што не можат да се јадат.
Малку подоцна, во 1950-тите, сосема случајно, стоматологот Фредерик Слак измислил акрилно полнење на ноктите. Скршениот нокт решил да го поправи со материјал за полнење и парче алуминиумска фолија.
Во Англија било сосема вообичаено да се закопуваат детските нокти во земја
Англиските родители чудни работи кога сакале подобра иднина за своите деца. Тие ги закопувале првите исечени нокти од своето дете под јасен – со надеж дека од нивното дете ќе израсне во првокласен пејач.
Јапонските ткајачи со векови ги оформувале ноктите на необичен начин
И покрај 700 години од постоењето на оваа древна уметност, традицијата на производство на јапонски брокат останала непроменета.
Мајсторите ткаат обоени конци на посебен начин. За поефикасна работа, тие специјално ги обликуваат ноктите за да се добијат засеци. За време на ткаењето истите помагаат да се притиснат конците за поцврсто да се спојат.
Модата на долги црвени нокти ја вовеле холивудските актерки
Благодарение на големите актерки од минатото како Рита Хејворт и Марлен Дитрих, црвените нокти станале модерни и до ден-денес не ја губат својата привлечност.
Лакот и карминот морале да си одговараат, а тоа го демонстрирало беспрекорниот вкус на жената
Во 20 век, козметичките брендови нуделе кармин за усни и лак за нокти во истата нијанса. Таквиот тандем изгледал многу импресивно, и веднаш ги освоил жените од тоа време.
Идентична боја на усните и ноктите било знак за добар вкус и чувство за стил.
Но, денес никој речиси не го практикува ова правило. Модерните жени не се плашат од експерименти и напротив, уживаат во различни маникири и сосема друга боја на усните.
(О)Милена | Црнобело