Спиел со над 2.000 жени, има пет деца, а стравува дека ќе остане целосно сам – Факти за бурниот живот на Џек Николсон
-->
Пред 12 години Џек даде интервју во кое отворено говореше за себеси. Велеше дека сè уште е див во срцето, но дека нештата повеќе не се исти.
„Чувствувам дека ме погоди биолошката гравитација. Не можам повеќе јавно да им се додворувам на жените. Но, тоа не е моја одлука, само веќе ми се чини дека не ми одговара на возраста.
Мажите треба да бидат искрени. Тие прават сè и одат секаде само за да имаат шанса да видат жени. Имаше мигови во мојот живот кога се чувствував неодолив за жените. Сега тоа веќе не се случува и тажен сум поради тоа“ – рече тој.
Џек Николсон бил пријател со Кит Ричардс од Rolling Stones, а за нивните луди забави се говорело доста. Самиот вели дека иако често знаел да остане на забави со алкохол, дрога и девојки, секогаш знаел како да се грижи за себеси.
„Сум се будел на дрвја, сум се будел додека висам на карпа, но секогаш сум знаел како да се грижам за себеси“ – вели тој.
-->
Џек Николсон бил оженет само еднаш во животот. Во периодот од 1962-та до 1968-та година тој бил во брак со актерката Сандра Најт.
Една година откако стапиле во брак, парот ја добил ќерката Џенифер. По разводот Сандра и Џенифер се преселиле во Хаваи. Од неа Џек има два внука, Шон (25) и Дјук (22).
Најдолгата романтична врска на Џек била со 17 години помладата актерка Анџелика Хјустон. Таа во својата биографија вели дека се разделиле затоа што тој постојано ја изневерувал, а чашата ја прелеал мигот кога на романтична вечера по две децении врска таа очекувала тој да ја побара за жена, а актерот ѝ кажал дека ќе добие дете со друга жена.
-->
-->
Подоцна, во 2015-та година тој самиот ќе рече дека раскинувањето мошне го погодило на емотивен план, а светските медиуми пишуваа дека актерот стравува дека еден ден ќе умре сосема сам.
„Детинест сум и направив грешка“ – рече тој.
-->
Освен ќерката Џенифер од единствениот брак, Џек има уште 4 други деца од различни врски: Кајлеб од врската со актерката Сузан Анспач, Хани со манекенката Вини Холман и Лорејн и Реј од врската со Ребека Брусард.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з...
Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис
Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...