Шетаат во пижами и уште 9 чудни навики на локалците во Виетнам

Се штитат од сонце и со препознатливите шешири

Сламените шешири се како обележје за Виетнам.

Додека порано овие шешири почесто ги носеле жените додека работеле на фарми, денес ги носат сите штом треба да работат нешто на отворено.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-07.jpg

Виетнамците обожаваат кафе

Во Виетнам кафето не е само обичен пијалак, туку локалците го гледаат како нешто што ги обединува луѓето.

Виетнамците имаат многу видови кафе, а за некои туристите велат дека го имаат најчудниот вкус. Овде лесно ќе најдете кафе направено со сол, јајца, овошје, па и јогурт.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-08.jpg

Јавното разменување нежности е неучтиво

Бакнувањето и прегрнувањето во јавност се сметаат за мошне неучтив гест во Виетнам.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-09.jpg

Насекаде има мотори

Во Виетнам автомобилите и даноците за нив се многу скапи, па овие возила се само за богатите.

Од друга страна, моторите се многу поевтини, па со текот на времето станале најпопуларното средство за транспорт.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-10.jpg

Виетнам е рај за оние кои сакаат овошје

Во Виетнам можете да најдете безброј видови овошје кои не би нашле на друго место.

А, бидејќи произведуваат многу овошје, ќе можете да ги пробате и најегзотичните овошки без да платите многу.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-11.jpg

За жените, светлиот ден е симбол за убавина

Додека ние едвај чекаме да дојде лето за да се исончаме, жените во Виетнам сакаат многу светол тен.

Тие веруваат дека ако имаат посветла кожа, ќе изгледаат поубаво во очите на другите.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg