Шетаат во пижами и уште 9 чудни навики на локалците во Виетнам

Виетнамците го обожаваат кафето и овде можете да ги најдете најчудните вкусови – од кафе со сол, па сè до кафе со јогурт.

izleguvaat-so-pizhami-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-01.jpg

Виетнам е држава во југоисточна Азија со население од над 90 милиони луѓе.

Во оваа земја можете да видите некои од најубавите плажи и дестинации кои се создадени за уживање и релаксација.

Покрај природните убавини, за сите туристи мошне интересен е и начинот на живот на Виетнамците, нивната култура, нивните обичаи и верувања.

Неколку забавни детали од секојдневието на Виетнамците што можеби ќе ви звучат чудно:

Мали пластични маси и столчиња за јадење

Едно од првите нешта што го забележуваат туристите во Виетнам се малите пластични маси и столчиња кои се поставени за јадење на местата каде што се продава храна.

Најголемата причина за овие маси и столчиња е фактот што лесно можат да се соберат. Во Виетнам многу луѓе, без разлика на нивното работно место, знаат да продаваат храна во еден период од денот.

Ако некој, на пример, има продавница, а напладне продава и оброци за ручек, ќе може набрзина да ги нареди малите маси и столчиња, а потоа и брзо да ги собере од улицата.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-02.jpg

Домовите и градбите се многу тесни

Во Виетнам, особено во главниот град Ханој, можете да видите многу згради со навистина тесни станови. Овие домови се познати како „nha ong“, што може да се преведе како „цевчести куќи“.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-03.jpg

Носењето пижами во јавност е норма

Знаевте ли дека во Виетнам пижамите се вистински хит за секојдневно излегување?

Локалците си купуваат пижами со интересни дезени, а неретко си прават и комбинации со маици и кошули.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-04.jpg

Келнерите не сакаат бакшиш

Виетнамците не сакаат да им давате бакшиш, а некогаш можат да го гледаат ова и како навреда.

Сепак, во поново време ова важи само за руралните средини. Во градовите, давањето бакшиш на келнерите станува сè почесто, најмногу поради туристите.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-05.jpg

Во лето, жените го покриваат целото тело

Жените во Виетнам сериозно си ја зафаќаат заштитата од сонце, па во лето, кога температурите се многу високи, тие носат и по неколку слоеви облека само за да ја заштитат кожата.

Ништо чудно во најтоплите денови од годината да забележите жена со долги ракави, блузон, ракавици, марама и што уште не низ улиците на виетнамските градови.

zhiveat-vo-tesni-domovi-pijat-kafe-so-jogurt-neobichni-detali-od-sekojdnevieto-vo-vietnam-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg