Која е во реалноста дрската инспекторка од српската серија „Беса“, која трагично го изгуби партнерот на 33 години?
Долго време одбивала улоги во ТВ серии, а пред да почне да игра во серијата „Беса“ била погодена од огромна трагедија, кога нејзиниот партнер со кого била заедно 3 години, извршил самоубиство - факти за Хана Селимовиќ, која ја играше инспекторката Дивна во српската серија „Беса“.
Балканската публика имаше можност да ја запознае преку улогата на атрактивната агентка на Интерпол, Дувна Дукиќ во ТВ серијата „Беса“ каде му беше „десна рака“ на агентот Петрит Коци (Милош Тимотијевиќ), но што знаеме за убавата Хана Селимовиќ?
Хана Селимовиќ (34) е српска актерка која игра во повеќе српски ТВ серии меѓу кои „Беса“ и „Тајкун“, а ја освојува публиката како со извонредниот талент за глума, но и со атрактивниот изглед.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти за младата српска актерка што можеби не сте ги знаеле:
Хана Селимовиќ потекнува од интелектуално српско семејство. Нејзин татко е познатиот српски новинар Бојан Селимовиќ, а српскиот писател Меша Селимовиќ бил брат на нејзиниот дедо.
Во едно интервју таа откри дека целиот живот живее во строгиот центар на Белград на улица „Македонска“ и сите спомени од детството се врзани за овој дел од главниот град на Србија.
https://www.instagram.com/p/CN9yc51JCTe/?utm_source=ig_web_copy_link
Во една прилика таа отворено проговори за тоа што мисли кога постојано ја прашуваат за роднинските односи со авторот на „Дервишот и смртта“.
„Моето презиме ми налага да се однесувам достоинствено и во согласност со она што се очекува од мене. Меша Селимовиќ е мој дедо-стрико и човекот напишал сè што напишал од непресушната потреба за тој чин и за што доби многу книжевни признанија.
Не може цел век, цело семејство да се ’шлепа‘ на неговиот индивидуален труд. Јас тоа никогаш не сум го правела, ниту сум го истакнувала, а најмалку сум го користела.
По овој одговор се надевам дека нема да мора во иднина повторно да одговарам на едно исто прашање“ – рече таа.
Хана за разлика од голем број други српски актери кои дипломирале на Факултетот за драмски уметности во Белград, одлучила да дипломира глума на приватната Академија за уметност во класата на професорот Небојша Дугаљиќ за кого во одреден период работела и како асистент.
Хана долго време се појавуваше само во театар, а ги одбиваше улогите во ТВ сериите. Како што вели, улогите ги одбивала затоа што немало улога што ѝ се допаѓала за да ја игра. Со промената и напредувањето на ТВ програмата во нејзината земја, се променил и нејзиниот став кон ваквите улоги.
Пред да почне снимањето на серијата „Беса“ Хана беше во фокусот на јавноста поради прераната и ненадејна смрт на нејзиниот партнер, младиот театарски режисер Игор Вук Торбица, за кого се шпекулира дека се самоубил, а оставил проштални писма само за Хана и за неговата професорка од факултет Алиса Стојановиќ. Хана и Игор беа во врска од 2017-та година.
Хана беше скршена од болка поради прераната смрт на режисерот кој почина во јуни 2020-тата година, а на социјалните мрежи упати трагични проштални зборови посветени на саканиот:
„Драги пријатели, ви благодарам на сите за зборовите и помошта што толку великодушно ја пружате.
Во моето срце има многу љубов за човекот што ми ги пружи најубавите мигови во животот и сакам таа љубов да ја поделам со светот. И да ги пуштам светлината и животот да ја однесат победата над бесмислата на ова време.
Игор беше и ќе остане мој светилник. Кон него чекорам, засекогаш. Таквите луѓе се реткост, нив треба само да ги сакате“ – напиша таа.
Улогата во ТВ серијата „Беса“ ѝ беше прво појавување на малите екрани по големата трагедија, а таа искажа особено задоволство од тоа што нејзиниот лик во втората сезона доби многу посуштинско значење и не беше само „украс“ на машките ликови.
Хана играше во театарски претстави во „Народно позориште во Белград“ заедно со македонскиот актер Никола Ристаноски.
Б. С. Б. | Црнобело