Татковската улога му го промени животот, објави автобиографија – факти за најпознатата бугарска ѕвезда, раперот Криско
Кристијан Радославов Талев (11 мај 1988 година), подобро познат по уметничкото име Криско е најпознатиот рапер, текстописец, продуцент и претприемач во Бугарија. Тој е дел од бугарската издавачка куќа Facing the Sun Records и е исто така ко-сопственик на издавачката куќа Adamand Records.
Имено, на нашето тло во главно го запознавме преку соработката со Слаткаристика, односно дуетот „Тик-так“ во 2016 година, но тоа не го менува фактот дека веќе долги години Криско е изведувач од првите редови на бугарското музичко небо.
Последна е неговата соработка со српскиот рапер, текстописец и продуцент Цоби, односно дуетот „Нове паре“, во склоп на филмот „Јужни ветар 2“.
Во продолжение за вас издвоивме повеќе факти за животот на Криско:
Неговата музичка кариера започнува во раното детство, посетувајќи часови по музика
Родителите на Криско, Вања и Радослав Талеви се занимавале со музика, така што семејните корени си го направиле своето.
Во 2005 година тој започнува да пишува свои поп, ар-ен-би и особено хип-хоп песни, а малку подоцна се запишува на студии по звучен инженеринг на Новиот бугарски универзитет. Во младоста работи и како диџеј.
https://www.instagram.com/p/CPkvZgmlQoe/
https://www.instagram.com/p/B8ZRFdrlY2X/
Од 2009 до 2010 година бил дел од бугарската издавачка куќа Sam Sam Si Records
По таканаречен спор во 2011 година, Криско напуштил и го усвоил продукцискиот таг „Криско битс“.
https://www.instagram.com/p/CKuOb3pF1_P/
Прекарот „Криско“ го добива од својата мајка
„Прекарот го добив уште како мал, а решив да го задржам бидејќи на девојќите им се допадна“.
https://www.instagram.com/p/CHz2ex3FF7k/
Бил дел од жирито на четвртата сезона на X Factor Бугарија
Во 2015 година, Криско станал дел од четвртата сезона на X Factor Бугарија, каде што бил ментор на женските изведувачи.
Во 2017 година објавува негова автобиографија наречена „Патот нагоре“
Оваа автобиографска книга го следи развојот на неговата пејачка кариера последните десет години. Книгата содржи лични приказни, средби со конкретни луѓе и сценски искуства.
За неа раперот споделува:
„Не користам помош од друг автор, го пишувам секој збор и секоја приказна. Многу луѓе ги гледаат моите видеа или читаат интервјуа со мене без да се интересираат за мојата работа, а понекогаш дури и без да им се допаднам.
Оваа книга е за оние од вас на кои навистина им се допаѓам, за моите обожаватели. Од нејзините страници ќе дознаат повеќе за мојот живот надвор од сцената. Ќе ве запознаам со Кристијан Талев.
Во „Патот нагоре“ ќе прочитате за она што не го зборував јавно бидејќи сметав дека не треба да биде достапно за секого, туку само за оние кои се навистина заинтересирани. Многумина веројатно ќе се запрашаат дали сум можеби премногу млад за да напишам книга. Прашањето е низ што си поминал и како си го играл својот танц“.
Негова избраничка е прекрасната Цветелина Петрова, а заедно имаат две дечиња
Цветелина е поранешна стујардеса и танчерка. Криско повеќепати изјавил дека таа и нивните две деца сосема му го промениле животот. Во име на љубовта тој снимил повеќе песни и видео записи.
Последните месеци во јавноста кружат гласини дека овој љубовен пар ставил крај на својата врска, но информациите за разделбата сепак се неофицијални и непотврдени бидејќи двајцата знаат да се појават заедно на јавни настани.
https://www.instagram.com/p/CDJVVswljU7/
Во продолжение повеќе фотки од Криско:
https://www.instagram.com/p/CGrzqcyFxG5/
https://www.instagram.com/p/CChBM54FFnB/
https://www.instagram.com/p/CINWyy3lLn_/
https://www.instagram.com/p/CLuD0xJlOYo/
https://www.instagram.com/p/CUFcN9bsmFx/
https://www.instagram.com/p/CLCdgEGl0ef/
https://www.instagram.com/p/CRI9LELlS9b/
https://www.instagram.com/p/CIoIcMtFoju/
Мила М. | Црнобело