Факти за легендарниот Бајага - не вози автомобил, сите љубовни песни ги напишал за сопругата, со која е 32 години во брак
Со сопругата Емилија се 32 години во брак и имаат две деца, а најубавите љубовни песни и се посветени на неа. Не вози автомобил, а морал да запише „нуклеарна физика“ за да може да продолжи да се занимава со музика. Факти за Момчило Бајагиќ Бајага.
Момчило Бајагиќ Бајага (61) е еден од најпознатите музичари на Балканот, а иако веќе влезе во седмата деценија од животот тој сè уште креира и компонира нова музика. Како за себеси, така и за други музичари, но и за српските филмови.
Пред извесен период ја објави новата песна „Hotel Yugoslavija“ направена во соработка со групата E-play, а минатата година заедно со српскиот актер Милош Биковиќ ја испеаја песната „Darja“ на српски и на руски јазик, што брзо стана вистински хит, а зад себе има голем број песни и албуми.
Тој е еден од музичарите за кого нема голем број скандали и сочни детали, затоа што својот приватен живот го крие подалеку од очите на јавноста. За него се знае дека веќе 32 години е во среќен брак со сопругата Емилија, а нивната љубовна приказна трае подолго, затоа што претходно биле седум години во врска. Најголемиот број љубовни песни на Бајага ѝ се посветени токму на неа.
Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Бајага: