Го оставила кога дознала дека добил рак од орален секс - Факти за бракот на Кетрин Зита Џонс (52) и Мајкл Даглас (77)
- Детали
- четврток, 18 ноември 2021
Кетрин била во институција каде се лекувала од биполарно нарушување, го има оставено Мајкл кога дознала дека добил рак на јазик поради орален секс, но повторно се смириле – факти за парот кој руши бариери со возрасната разлика од 25 години и ужива во среќен брак.
Мајкл Даглас (77) и Кетрин Зита Џонс (52) и покрај големата генерациска разлика од 25 години се во согласен брак веќе 21 година.
Сепак не одеше сè како подмачкано, а во еден период дури и се разделија откако Мајкл даде изјава за ракот на јазикот, што ја натера Кетрин да го напушти.
Своевремено нивната врска беше мошне често топ-тема во медиумите, но Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас ги надминаа сите предизвици.
Кетрин неодамна во интервју говореше за тоа кои се тајните за нивниот успешен брак. Како што рече, и тие имале свои подеми и падови, но и покрај големиот број коментари на скептиците на почетокот на нивната врска, сега и по 21 година сè уште се заедно.
„Мојот сопруг е 25 години повозрасен од мене, тоа не е тајна… Но она што е постојано се љубовта и почитта. Никогаш не сме ја изгубиле смислата за хумор и уживаме во меѓусебното друштво“ – вели Кетрин.