-->
Барон Трамп е единствениот син на Доналд Трамп (75) од бракот со Меланија (50), а за него се знае дека додека растел имал цел кат само за себе, му дозволувале да црта по ѕидовите, а кожата му ја негувале со вистински кавијар.
Единствениот син на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, годинава наполни 15 години. Но, за разлика од неговите браќа и сестри, Барон ретко се појавува во јавноста.
-->
Во јули годинава, јавноста сепак имаше прилика да го види Барон заедно со мајка му, а најмногу се коментираше за тоа колку пораснал и колку е променет, како и дека е мошне висок.
Низ годините, Барон ретко се појавуваше во јавноста, а на интернет се достапни многу малку информации за него.
-->
-->
Во продолжение неколку интересни факти за најмалиот син на Доналд Трамп:
За неговиот 15-ти роденден, Меланија објави фотографија на Твитер на која имаше два црни балони со бројот 15, што од јавноста беше окарактеризирана како „морничава“ честитка.
-->
Кон крајот на минатата година, Меланија Трамп упати есеј до „Белата куќа“ во кој пишуваше за сопственото искуство со вирусот ковид-19, во кој кажа дека нејзиниот син имал позитивен резултат, но немал никакви симптоми.
Барон ретко е фотографиран, а кога камерите успевале да го забележат, тој најчесто е придружуван од неговите родители и членовите на семејството.
-->
Во 2018 година, кога имаше 12 години, Барон беше фотографиран на аеродромот во Флорида за време на Денот на благодарноста и уште тогаш изгледаше дека е исто висок колку татко му - Доналд е висок околу 188 сантиметри.
Барон е првото момче што живеело во Белата куќа по Џон Кенеди Џуниор. Трите претседатели на САД пред Доналд имаат само ќерки, а нивните претходници имаа возрасни синови кога беа избрани кои живееја надвор од претседателската палата.
Во 2018 година Меланија изјави дека Барон не е присутен на социјалните мрежи затоа што неговиот главен интерес е спортот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: