Вуди Ален се ожени за посвоената ќерка на бившата жена – приказната за најконтроверзниот холивудски пар

„Не можеш да му наредиш на срцето кого да сака“ – велеше режисерот Вуди Ален откако се ожени за посвоената ќерка на неговата поранешна сопруга. Оваа љубовна врска, и по 30 години е една од најконтроверзните и најскандалозните во Холивуд.

vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-na-bivshata-zhena-fakti-za-najkontroverzniot-holivudski-par-01.jpg

Вуди Ален (85) ќе остане запаметен како еден од најдобрите режисери во Холивуд, но неговиот приватен живот се врзува за низа контроверзии и скандали.

Речиси 30 години, Ален постојано мора да се брани дека не ја злоупотребувал една од посвоените ќерки на неговата поранешна сопруга Миа Фароу (76). Од друга страна, треба постојано да го оправдува бракот со другата посвоена ќерка на поранешната сопруга - Сун Ји.

Дилан Фароу во моментов има 36 години, а на возраст од само 7 години, во 1992-ра, излезе со обвинувања дека била сексуално злоупотребувана од партнерот на нејзината мајка, односно Вуди Ален.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-02.jpg

По три децении, овие обвиненија беа обработени во документарниот филм на HBO, насловен Allen v. Farrow, а режисерот повторно ги отфрли тврдењата на Дилан.

Во документарниот филм, првата епизода во целост е сконцентрирана на односот помеѓу Вуди и Миа, како и на несоодветното однесување на режисерот со нејзината посвоена ќерка Дилан. Но, при крајот, Миа открива дека среде целата драма, дознала дека Вуди е во врска со нејзината друга посвоена ќерка - Сун Ји Превин - која тогаш имала 22 години.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-03.jpg

Миа појаснува дека зела јакна од станот на Вуди Ален, кога забележала порнографски фотографии од Сун Ји, која во тоа време била бруцош на факултет.

„Се сеќавам кога мајка ми ми рече: ’Татко ти направил голи фотографии со Сун Ји‘. Тоа беше првиот миг кога си помислив, ’Значи не сум само јас‘“ – вели Дилан во филмот која сметала дека Вуди ја малтретира и Сун. 

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-04.jpg

Вуди Ален и Сун Ји Превин уште се заедно и до денес. Режисерот во моментов има 85 години, а неговата сопруга 51. Заедно посвоија две деца, но во 1997-мата година кога одлучија да стапат во брак, оваа врска беше окарактеризирана како огромен скандал и како врска што ги надмина сите табуа.

Во продолжение неколку интересни факти за љубовната врска на Вуди Ален и Сун Ји Превин:

Сун Ји била родена во 1970-та година во Кореја, но поради екстремната сиромаштија одлучила да побегне од дома. Миа Фароу и нејзиниот поранешен сопруг Андре Превин ја посвоиле 7-годишната Сун Ји во 1977-ма година.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-05.jpg

Заради посвојувањето, Миа Фароу се соочила со федерални обвиненија затоа што во тоа време биле дозволени само две интернационални посвојувања, а актерката веќе имала посвоено две деца од Виетнам.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-06.jpg

Вуди Ален и Миа Фароу се запознале во 1979-та година. Во тоа време актерката имала 34 години и седум посвоени деца. Вуди имал 43, а Сун Ји имала 10 години.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-09.jpg

Сун Ји во 2018-та година изјави дека на почетокот го мразела Вуди, затоа што тој бил во врска со мајка ѝ.

„Не разбирав зошто некој би сакал да биде со таква ужасна и злобна личност. Мислев дека тој е ист како неа“.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-10.jpg

Во 1985-та година, Вуди и Миа одлучуваат да ја посвојат Дилан Фароу. Миа во документарниот филм вели дека Вуди не сакал да посвои дете, но бил отворен за идејата да добијат „мало русокосо девојче“.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-13.jpg

Сун Ји открива дека нејзината прва пријателска средба со актерот била во периодот кога таа била во 11-то одделение, односно во 1986 или 1987 година. Сун Ји го скршила зглобот додека играла фудбал, по што Вуди ја однел на лекар и се понудил да ја однесе во училиште.

ljubovnata-vrska-shto-gi-nadmina-site-tabua-kako-vudi-alen-se-ozheni-za-posvoenata-kjerka-sun-ji-previn-13 (2).jpg

Уште осум факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg