„Кога секој ден броите калории и го мразите вашето тело“ - Руски психолог објаснува што е неуспех во животот

Неуспех е кога секој ден сонувате дека сè ќе се промени, додека не правите ништо за да го смените тоа...

Ruski-priholog-objasnuva-sto-e-neuspeh-vo-zivotot-01.jpg

Неуспехот не е тоа што можеби во моментот сте сами или тоа што ја немате кариерата на којашто се надевавте, туку нешто сосема друго. Веројатно секој од нас има различна дефиниција за тоа што претставува неуспех во животот.

За некого тоа е недоволно успешна кариера и недоволно пари, за други, пак, немањето деца. За голем дел од луѓето неуспех е доколку сè уште немаат свој „покрив над главата“, или пак живеат со родителите.

Меѓутоа, неуспехот е всушност нешто сосема друго. Ако копате подлабоко, може да откриете дека неуспехот е одраз на незадоволителна внатрешна состојба. 

Рускиот психолог Михаил Лабковски открива кој е најголемиот неуспех во животот. Ова се неговите зборови:

Неуспехот е…

- Кога не го поминувате денот онака како што навистина сакате.

- Кога работите на високо платена работна позиција работа, а не ви се допаѓа работата.

- Во брак сте со најпаметниот, најпочитуваниот и најубавиот човек, но едноставно не го сакате.

- Кога секој ден броите калории и го мразите вашето тело.

- Кога сакате нешто целиот живот, но се плашите да го почнете, затоа што се сомневате во себе. На пример, сакате да напишете роман, но немате храброст да ставите ниту еден збор на хартија.

- Кога живеете исполнети со љубов, разбирање и добрина, но сепак мислите дека нешто туѓо е подобро од вашето.

- Кога детето постојано сака да си игра, а вие ја избегнувате забавата со него.

- Кога сакате да појадувате вкусен кроасан додека го прелистувате весникот, но сепак јадете инстант каша „од нога“ и брзате кон автомобилот за да продолжите со бркањето на нови обврски.

- Кога секој ден сонувате дека сè ќе се промени, додека не правите ништо за да го смените тоа.

Ова се работите кои Михаил Лабковски ги нарекува неуспех. Што мислите вие? Што е за вас – неуспех?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg