Љубовната приказна на Бурак Озџивит и Фахрије Евџен - бил свршен со друга, меден месец на Малдиви
Бурак се пресели во домот на Фахрије
Откако открија дека се заедно, повеќе немаше потреба да се кријат, па Бурак го испразни сопствениот дом, го даде под наем, а се пресели во домот на неговата девојка.
Ја запросил на неговиот роденден
Во 2016-тата година Фахрије организирала забава по повод 32-иот роденден на Бурак на која присуствувале 30-тина најблиски нивни пријатели, сепак никој не очекувал дека актерот ќе клекне на едно колено и ќе ја побара актерката за жена.
По 4 месеци, направиле и официјална свршувачка во Германија, каде ја побара раката на Фахрије од нејзиниот татко. Стапија во брак само по неколку месеци, а за меден месец отпатуваа на Малдиви.
Во 2019-та станаа родители
Фахрије не ги криеше вестите дека е бремена, па дури и пред да се породи со синот Каран во април 2019-та година, Фахрије одлучи да му отвори Инстаграм профил, што наиде на критики кај јавноста.
Какви родители се Бурак и Фахрије
Турските медиуми деновиве пишуваат дека Фахрије и Бурак веќе се враќаат на филмските сетови и на работните обврски, но актерката барала во нивниот дом да биде инсталирана камера за да може постојано да гледа што прави нејзиниот син Каран.
Смениле 15 дадилки во 2 години
Според турските таблоиди, познатиот турски актерски пар во последните две години сменил 15 дадилки, а Фахрије кажа што бара од совршените дадилки:
„Само сакам да му приоѓа на нашето дете со љубов. Не е потребно да биде некоја посебна личност, важно е само да може да се поврзе со детето“.
Б. С. Б. | Црнобело