Љубовната приказна на Бурак Озџивит и Фахрије Евџен - бил свршен со друга, меден месец на Малдиви
Бурак и Фахрије се познаваат од 2013-та година, кога почнале и првите шпекулации дека се во врска. Во брак се пет години, а актуелни се во турските медиуми затоа што имаат специфични барања од дадилките за нивниот син.
Бурак Озџивит (36) и Фахрије Евџен (35) се еден од најпознатите турски актерски парови. На нашата публика ѝ се познати по бројните актерски улоги во турските серии, но како се запознале и како ја почнале врската?
Факти за нивната љубовна приказна:
Се запознале на снимање на серија
Бурак кај нас е познат како Бали-Бег по улогата во серијата „Сулејман Величествениот“, а Фахрије ќе остане запаметена по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“. Тие двајцата се заедно од 2013-та година кога се запознале за време на снимањето на серијата Çalıkuşu (Дневникот на Фериде).
Бурак бил во долгогодишна врска со друга актерка
Кога се запознале, Бурак бил во долгогодишна врска и бил верен со актерката Џејлан Чапа, но набрзо по добивањето на улогата во серијата „Дневникот на Фериде“ тие двајца раскинале.
Причината за раскинувањето било наводното неверство на Чапа, која била забележана како се бакнува со друг маж.
Прво ја криеле врската во тајност
Таблоидите, по раскинувањето помеѓу Бурак и Џејлан, веднаш почнале да истражуваат дали Фахрије е неговата нова љубов, но и двајцата порекнувале и врската ја чувале во најголема тајност.
По две години признале дека се заедно
По цели две години шпекулации, јавноста доби одговор дека тие двајцата се заедно, кога во интервју за магазинот InStyle открија како се чувствуваат.
„Не можам да користам стереотипни реченици за љубовта бидејќи тоа е мошне длабоко чувство. Кога ќе се вљубиш, ја дознаваш сопствената суштина и се гледаш себеси во вистинското светло. И јас кога се вљубив, го запознав вистинскиот Бурак“ – изјави тогаш Бурак.