Беспрекорна хигиена, депилација со шеќер – забавни факти за животот во Турција

Со векови, депилацијата со шеќер е најпопуларниот третман за отстранување влакна, фризерските салони се вистински хит, а во турските продавници ретко кога ќе најдете тампони.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-01.jpg

Со долгата историја, богатата култура и волшебните дестинации, Турција навистина е земја што може да понуди многу.

Иако е модерно општество, во Турција уште се негуваат традиции и обичаи од порано кои ѝ даваат посебен шмек на земјата. 

Иако имаме слични навики, како јадење леб со скоро секој оброк, донекаде, животот во Турција е поразличен од нашиот и сигурно можеме да научиме нешто.

Во продолжение неколку забавни факти за животот во Турција:

Бричовите не се многу популарни кај жените

За ефикасно отстранување на влакната и резултати кои траат повеќе од недела-две, ништо не ја заменува депилацијата. Бидејќи не секогаш имаме време за ова, многу често користиме и брич. Но, не и Турчинките.

Депилацијата, особено со шеќер, е најпопуларниот метод за отстранување влакна кај Турчинките, а го користат со векови.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-02.jpg

Беспрекорна хигиена

Хигиената во домовите во Турција е на завидно ниво. Кај нив речиси и да не постои површно средување на домот, туку редовно се прави генералка и се чисти буквално секое ќоше.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-03.jpg

Речиси сите имаат куќни помошнички

Кога сите во семејството одат на работа, јасно е дека никој нема време за беспрекорно средување на домот. Но, куќните помошнички во Турција имаат прифатлива цена, можат да си ги дозволат сите, па скоро сите ги најмуваат.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-04.jpg

Повеќето жени избегнуваат тампони

Додека кај нас и во другите држави тампоните се многу популарни, жените од Турција преферираат влошки. Всушност, во Турција е и малку потешко да најдете тампони и ако сакате најверојатно ќе треба да одите во аптека.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-05.jpg

Лебот е задолжителен со секој оброк

Слично како кај нас, и Турците се големи обожаватели на лебот, па го консумираат со речиси секој оброк.

На некој начин, Турците се експерти за правење лебови па низ државата можете да најдете безброј пекари кои продаваат стотици видови леб.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-06.jpg

Разводите можат да траат многу долго

Ако нема никакви проблеми помеѓу сопружниците кои бараат развод, целата работа може да се заврши за 4-6 недели.

Но, кога има несогласувања или кога треба да се земат предвид повеќе фактори, целата процедура може да трае и по неколку години.

Наводно, некогаш било особено тешко и партнерите да добијат датум за сослушување – нешто што дополнително го одолговлекува разводот.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-07.jpg

Фризерските салони се вистински хит

Цените во повеќето фризерски салони во Турција се релативно ниски, па жените редовно ги посетуваат не само за потстрижување, туку и за миење коса и правење секојдневни фризури.

Наводно, оваа индустрија станува сè попопуларна во Турција и сè повеќе девојки и жени посетуваат фризерски салон барем еднаш неделно.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-08.jpg

Потпишување чевли – забавна свадбена традиција

Сите ја знаеме традицијата за фрлање бидермаер на свадба – се верува дека девојката што ќе го фати ќе биде следната којашто ќе се венча.

И на турските свадби има фрлање букети, но и многу поинтересна традиција. Секоја сингл девојка, најчесто другарките на невестата, си го пишуваат името на долниот дел од нејзините чевли.

Откако ќе заврши прославата, невестата проверува кое име е најмногу избледено и се верува дека таа девојка ќе се омажи следна.

besprekorna-higiena-depilacija-so-shekjer-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-turcija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg