Факти за младата „ледена кралица“ од корејската серија Squid Game, која преку ноќ стана ѕвезда
Талентот за моделство кај неа го забележал Карл Лагерфелд, порано била критикувана за лоша глума, се сомневала дали добро ќе ја долови улогата, но преку ноќ стана ѕвезда по улогата во Squid Game - што знаеме за актерката која стана позната како број 067?
Корејската сензација Squid Game, со молневита брзина се искачи на тронот.
Трилерот за преживување во моментов е најгледаното ТВ шоу во речиси 90 земји, со што оваа филмска приказна стана прва оригинална, корејска серија на самиот врв на топ-листите.
Станува збор за повеќебројна група на луѓе со несреќна судбина кои учествуваат на таканаречен „смртоносен турнир“.
На што сѐ се подготвени луѓето кога е во прашање нивната егзистенција?!
Една од актерските улоги за која се крена особена „прашина“ е младата, ледена Џунг Ху-Јан (27) – во серијата позната како број 067.
https://www.instagram.com/p/CUEnzHiBGnB/
По самата премиера младата, талентирана девојка стана најследената корејска актерка на Инстаграм.
Имено, од објавувањето на серијата на 17 септември, за неполн месец од 410.000 следбеници се искачила на неверојатни 19 милиони.
Во продолжение за вас издвоивме повеќе факти за оваа мегапопуларна актерка:
Родена е во 1994-та година, со потекло од Јужна Кореја, а многу рано знаела дека сака да се занимава со моделство.
Џунг е јужнокорејска манекенка
Џунг ја започнала својата манекенска кариера на 16 години и оттогаш ги краси насловните страници на Vogue Japan, Vogue Korea и многу други.
На своја 20-годишна возраст ја освоила втората позиција на натпревар наречен „Следниот топ модел на Кореа“.
Дипломирала на Универзитетот за жени Донгдук, каде што се запишала на Катедрата за моделство
https://www.instagram.com/p/CQYAsynhejj/
Била позната по нејзината специфична, огнено црвена коса, која за целите на серијата ја променила во црна
https://www.instagram.com/p/B7P3LSUhoxD/
Целосна пресвртница во нејзината кариера е серијата Squid Game
Кога младата актерка дознала дека ја добила улогата, била во целосен шок, така што непрекинато го прашувала режисерот дали е способна да се справи со истата.
Како сосема нова актерка, таа сподели дека глумата ѝ помогнала да ја прошири нејзината перспектива кон светот.
https://www.instagram.com/p/CUKEeTlhLqp/
Научила да зборува на севернокорејски дијалект
https://www.instagram.com/p/B5IcHLeh_Yc/
Таа е новиот глобален амбасадор на Louis Vuitton
„Чест ми е да ја започнам мојата актерска кариера со Луј Витон, брендот за кој всушност работев како модел. Со нетрпение ги очекувам сите моменти со Луј Витон како глобален амбасадор“ – изјавува Џунг.
Ја забележал неверојатниот Карл Лагерфелд
Се сеќавам кога бев на ревијата на Шанел, тој застана пред мене, а еден од неговите стилисти му рече: „Оваа црвенокоса девојка е од Јужна Кореја и одлично се снаоѓа, по што Лагерфелд ги спушти очилата и загледа во мене“.
Се појавила на аудиција за Squid Game за време на модната недела во Њујорк
Некогаш била исмејувана поради нејзината лоша глума
Мила М. | Црнобело