Тетоважите на дланките избледуваат најбрзо и уште 7 забавни факти за тетовирањето
Некои луѓе се алергични на само одредени бои
Ако ја правите тетоважата кај професионалец, постојат минимални шанси да ви се појави алергиска реакција.
А, кога некој е алергичен на боја за тетовирање, тогаш всушност има алергија на некоја од состојките. Наводно, луѓето најчесто се алергични на црвената боја.
Овие алергични реакции обично се карактеризираат со чешање и црвенило.
За да го намалите ризикот од појава на алергиска реакција, тетовирајте се само кај професионалци. Препорачливо е да одите и на дерматолог кој ќе утврди дали имате проблем со кожата кој може да го зголеми ризикот од алергиска реакција.
Тату-артистите користат и по неколку игли за една тетоважа
Нам навистина ни изгледа како тату-артистите да си цртаат по кожата со само една игла, но дури и за тетоважа направена со само црна боја се користат неколку игли.
Во зависност од тоа дали ја сенчаат тетоважата, ја бојат или го средуваат „светлото“, артистите користат игли со различна големина и форма со цел да го добијат најдобриот резултат.
Бојата на тетоважите избледува повеќе на одредени места од телото
Иако се трајни, факт е дека со годините тетоважите малку избледуваат.
Покрај квалитетот на боите што ги користи артистот, големо влијание има и местоположбата на тетоважата.
На пример, тетоважите на дланките избледуваат најбрзо поради постојаната изложеност на сонце. За избледувањето придонесува и фактот што дланките ги користиме постојано и ги миеме многу почесто од другите делови на телото.
Болката за време на тетовирање зависи од местоположбата на тетоважата
Некои делови од телото се почувствителни, па болката при тетовирање е поголема.
Едни од најболните места за тетовирање се пазувите, главата и стапалата. Наводно, најмала болка се чувствува на подлактниците, стомакот и надворешните страни од бутовите.
Спирова С. | Црнобело