Заработила половина милион евра за 3 години, признава дека го оперирала носот – Факти за Анастасија Ражнатовиќ
Анастасија Ражнатовиќ (23), ќерката на балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ и на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, како дете на познати личности порасна во фокусот на балканската јавност, a во последните години може да се пофали и со сопствената успешна кариера.
Анастасија ги следи стапките на мајка ѝ, па од пред неколку години се впушти во музичките води, но наместо со фолк песни, таа се одлучи да ја освои поп-сцената во Србија и на Балканот.
Факти за животот на Анастасија:
Нејзиниот татко, Аркан, беше убиен кога таа имаше само две години.
https://www.instagram.com/p/BPIxdDiDt_K/?utm_source=ig_web_copy_link
Таа има една година постар брат Вељко и уште тројца полубраќа (Војин, Никола и Михајло) и четири полусестри (Милена, Маша, софија и Ангела).
Завршила на Британската музичка академија во Белград, а се запишала на Факултет за бизнис.
До 2018-та година тврдеше дека нема амбиции да се занимава со музика. Според српските медиуми, оттогаш досега таа објавила седум песни, за кои заработила половина милион евра.
Се шпекулира дека за нејзината модна кампања за произведувачот на бунди „Inverno Сaldo“ od 2016-та година заработила хонорар од 20.000 евра.
Naša lepotica kao zaštitno lice Inverno Caldo bundi! #newcampaign #comingsoon #invernocaldo "You are a woman on fire, a beautiful light of madness. A magnificent vision of chaos."
Posted by Anastasija Ražnatović on Monday, September 12, 2016