Љубовен триаголник, ќерка која страда од депресија – Факти за Даниел Крејг, фамозниот Џејмс Бонд
Даниел Крејг (53) е во складен брак со Рејчел Вајс (51) со која се запознале уште додека бил на факултет, но малкумина знаат дека има и возрасна 29-годишна ќерка од друг брак која тргна по неговите стапки и ја гради кариерата како актерка.
Даниел Крејг (53) за последен пат се појави во улогата на Џејмс Бонд, во најновиот филм No time to die, а по повеќе одложувања поради пандемијата, публиката конечно има можност да го погледне филмот на големото платно.
Крејг беше прогласен за најсекси маж во 2006-та година и е омилен кај публиката, а тој веќе 10 години е во брак со неговата колешка Рејчел Вајс, со која има двегодишна ќерка за која никој не знае ниту како се вика.
Тој има уште една ќерка од претходниот брак со шкотската актерка Фиона Лудон, која се вика Ела Крејг и која има 29 години.
Даниел и Фиона стапиле во брак релативно млади во 1992-та година, кога Даниел имал само 24 години и истата година ја добиле Ела, а се развеле по две години.
Даниел своевремено велеше дека бил премногу млад за брак и дека тоа била главната причина зошто дошло до развод.
Иако по разводот на нејзините родители Ела останала да живее со нејзината мајка, сепак таа вели дека е поблиска со татко ѝ. Вели дека додека растела се чувствувала како да била поделена помеѓу двајцата родители.
До 17 години Ела живеела во Лондон, по што се преселила да учи во Масачусетц, во САД. Сакала да тргне по стапките на нејзините родители, па на Универзитетот во Њујорк се запишала за да студира глума, но по само една година се откажала од студиите затоа што страдала од депресија.