На 19 години станал татко, наводно ја обнови врската со српската старлета Сораја – Факти за Нејмар
Неговото семејство било толку многу сиромашно што немале средства за да ги платат сметките за струја, на 4 месеци преживеал страшна сообраќајна несреќа, а благодарение на талентот за фудбал и посветеноста денес тежи милиони. Во балканските медиуми беше актуелен заради наводната врска со старлетата Сораја, а сега се шпекулира дека ја обновиле врската.
Српските медиуми пред неколку години пишуваа дека српската старлета Сораја Вучелиќ е во врска со Нејмар, а сега повторно кружат информации дека тие решиле да ја обноват врската.
Но, Сораја вели дека не сака да ги коментира сопствените идни планови, додека тие не се реализираат.
Во продолжение неколку помалку познати факти за Нејмар:
Целосното име на бразилскиот фудбалер е Нејмар да Силва Сантос (28), а неговото богатство денес се проценува на 200 милиони долари.
Тој е роден во 1992-та година во семејството на Надин Конклавес и Нејмар Сантос Постариот, во предградието на Сао Паоло.
Неговите родители биле мошне сиромашни, мајка му не можела да си дозволи да оди на ехо-прегледи во бременоста, но сепак за среќа детето било родено живо и здраво.
На возраст од само 4 месеци Нејмар преживеал фатална сообраќајна несреќа заедно со семејството. За среќа закрепнале и по три години Нејмар ја добил својата сестра Рафаела Сантос.
Нејмар го наследил талентот за фудбал од татко му, кој аматерски се занимавал со овој спорт, но поради повредите во страшната сообраќајна несреќа морал целосно да се откаже од спортот.
Семејството било толку многу сиромашно, што во еден миг воопшто немале пари за да ги платат сметките за струја, а домот го осветлувале со свеќи.
Таткото сакајќи да ја подобри финансиската состојба, во еден миг морал да работи на три работни места како општ работник, механичар и продавач.
Кога Нејмар имал 6 години, татко му веќе го препознал исклучителниот талент на синот па за да можат да ги платат скапите часови по мал фудбал, семејството одлучило да се пресели во помало гратче, каде животот е поевтин.
Во 2003-та година Нејмар на само 11 години го добил првиот повик од ФК Сантос и му бил понуден договор со што значително се подобрила финансиската состојба на семејството и така започнала неговата плодна фудбалска кариера.
На 19 години Нејмар станал татко на малиот Дави Лука, кого го добил од врската со бразилската инфлуенсерка Каролина Дантас. Набрзо по раѓањето на Дави Лука (10) Нејмар и Каролина раскинале, а детето денес живее со мајка му.
Меѓу другите попознати девојки со кои Нејмар бил поврзуван се и неговата сонародничка, бразилската убавица Алесандра Амбросио во 2014-та.
Истата година Нејмар беше поврзуван и со српската старлета Сораја Вукелиќ. Наводно се запознале на Ибица, а фудбалерот по ова испратил приватен авион за да ја донесе српската моделка во Барселона.
Според најновите пишувања Нејмар во моментов е во врска со инфлуенсерката Бруна Бианкарди.
Погледнете повеќе понови фотографии од Нејмар во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело