8 докази дека Двејн Џонсон има нежно срце и покрај тоа што изгледа како силна „карпа“
Тој е едноставно прекрасна личност
Двејн постојано донира, волонтира и се вклучува во секакви добротворни организации. Истовремено, се обидуваа другите да ги мотивира да го прават истото.
Актерот неретко посетува дечиња и млади лица во болници, се обидува да им помогне како што може, а секогаш има време да им обрне внимание и на фановите – нешто што не им е приоритет на многу славни личности.
Поважно му е да ги забавува фановите отколку да постигне голем успех
Филмовите на Двејн се забавни и лесни за гледање, а токму тоа е целта на актерот.
Всушност, тој избегнува сериозни улоги и се фокусира на комедии и „лесни“ филмови само затоа што сака да ја насмее и расположи неговата публика.
Вистински се грижи за фановите и пријателите
Актерот има изјавено дека за него најлесно е да застане и да се фотографира со некој фан. Поради ова, речиси никогаш не ги одбива фановите нагласувајќи дека знае колку среќни ќе бидат поради тоа.
Актерот редовно им купува подароци и им помага на пријателите кои немале среќа колку него - на пример, на неговиот каскадер му подари џип во знак на благодарност за напорната работа.
Секогаш се грижи за родителите
Веќе е јасно дека семејството е едно од најважните нешта за Двејн и тој никогаш не заборава на неговите родители.
Пред да стане познат, актерот и родителите имале финансиски проблеми, па тој ѝ ветил на мајка си дека кога ќе се збогати, ќе ѝ купи куќа. И, го направи тоа.
Всушност тој неколкупати има изјавено дека секогаш гледа неговите родители да го имаат она што им е најпотребно, без разлика дали тоа е куќа, автомобил или нешто друго.
Спирова С. | Црнобело