8 докази дека Двејн Џонсон има нежно срце и покрај тоа што изгледа како силна „карпа“
Денес Двејн Џонсон е еден од најпознатите актери, а харизмата и позитивната енергија што ги покажува на големото платно се и негови лични карактеристики.
Двејн е посветен сопруг и татко, се грижи за своите пријатели и фанови и ја користи секоја можност да им помогне на помалку среќните.
Накратко, Двејн е прекрасна личност, а во продолжение неколку факти што го докажуваат тоа:
Тој е посветен татко
Двејн Џонсон има три ќерки – Симон, Јасмин и Тијана – и е одличен пример за татко кој вистински се грижи за своите деца.
Актерот го користи секој слободен миг за да помине повеќе време со ќерките и не ја испушта можноста да сподели колку многу ги сака.
„Секој маж сака син, но на секој маж му треба ќерка. Сите мои девојчиња му дадоа рамнотежа на мојот живот. Опкружен сум со естроген и не би го променил тоа за ништо на светот!“, е само една од многуте изјави на актерот за неговите ќерки.
Двејн е и одличен сопруг
Моментално актерот е во брак со втората сопруга Лорен Хашијан, со која се венчаше во 2019 година. И покрај неуспешниот брак со првата сопруга Дени Гарсија, тие се во многу добар однос и се разделија мирно.
Денес Двејн е целосно посветен на сопругата Лорен и за неа не кажува ништо освен пофалби.
Тие се заедно уште од 2007 година, а актерот има изјавено дека бил пресреќен што имал можност да се вљуби вторпат, и тоа во најпрекрасната жена што ја сретнал.
Актерот е поборник за женските права
Како што изјави и самиот, актерот е горд на жените во неговиот живот, а многупати се покажал и како поборник на женските права.
Актерот постојано дели комплименти за ќерките, сопругата, мајка му и жените што му се блиски и постојано нагласува дека сите жени се прекрасни, силни, интелигентни и дека можат да направат што и да посакаат.
Неретко фановите велат и дека Двејн Џонсон е можеби најпознатиот феминист во светот.
Тој е вистинска инспирација за многумина
Двејн е најпознат по мускулестото тело и љубовта кон теретаната, па редовно споделува совети и трикови за луѓе со слични интереси.
Но, тој не застанува овде. Кога актерот ќе дознае дека некој постигнал неверојатен резултат благодарение на него, не ја испушта можност да го пофали.
Одличен пример за ова е една девојка која имала 130 килограми, но благодарение на напорната работа и мотивацијата од објавите на Двејн сега има 75 килограми.
Штом Двејн дозна за нејзиниот успех, веднаш ѝ кажа дека е горд на неа и ја мотивираше да продолжи понатаму.
Можеби за него не претставува никаков проблем да го каже тоа, но не е мала работа вашиот најголем идол да ви каже дека се гордее со вас.