Ги изгуби ќерката и првата сопруга од рак, но повторно ја најде среќата – трагичната приказна на Пирс Броснан

Денес Пирс Броснан изгледа одлично за неговите 68 години и е во среќен брак со сопругата Кели, но актерот претрпел многу пред да ја пронајде среќата – ќерката и првата сопруга ги изгуби од рак на јајниците.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-01.jpg

Иако деновите кога го играше омилениот таен агент Џејмс Бонд се далеку зад него, Пирс Броснан е во добра форма, без разлика што има 68 години.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-03.JPG

Актерот беше забележан за време на неговиот одмор во Хаваи, а од фотките се гледа дека навистина се држи добро и покрај тоа што ѝ наближува на 70-тата година од животот.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-4.JPG

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-02.JPG

Иако целата кариера Пирс важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, досега актерот „имал очи“ за само две жени - нешто што е вистинска реткост во светот на славните. 

Денес актерот е во среќен брак со сопругата Кели Шај Смит, но тој претрпел многу пред да ја пронајде среќата. Во 2013 година тој ја изгуби ќерка му од рак на јајниците, а 20-тина години порано ја изгуби и првата сопруга од истата болест.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-05.JPG

Првата сопруга на Пирс, Касандра Харис, беше актерка, а парот се запозна во доцните 70-ти и стапија во брак кон крајот на 1980 година.

Касандра имаше две деца од претходен брак – ќерката Шарлот и синот Кристофер. По смртта на нивниот биолошки татко во 1986 година, Пирс без двоумење ги посвои и стана нивен очув, па тие го носеа неговото презиме.

Касандра и актерот имаат и едно биолошко дете – синот Шон.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-06.JPG

Пирс и Касандра беа заедно во периодот кога кариерата на актерот одеше во нагорна линија, а самиот неколкупати има споделено дека токму таа го терала да прифаќа сè поголеми и поголеми улоги.

За жал, во 1987 година, кратко откако се вратиле од семејно патување од Индија, Касандра била дијагностицирана со агресивна форма на рак на јајниците.

Тогаш Касандра немаше ни 40 години, а од истата болест починала и нејзината мајка.

„Од првиот ден се соочувавме со вистинска борба. Ова не беше некој мал тумор – ова нешто го опседна целото постоење на Кеси (Касандра)“, има изјавено актерот.

Но, актерот вели дека Касандра не се откажувала така лесно и се справувала со болеста дури и со доза грациозност.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-07.JPG

Касандра помина околу година и пол на хемотерапија и ѝ беа направени осум операции.

Околу две години по дијагнозата, парот се пресели во Малибу, каде што Касандра целосно се посветила на уредувањето на нивниот нов дом.

Според актерот, ова ја правело вистински среќна.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-08.JPG

Во 1991 година Касандра и Пирс сфатиле дека актерката најверојатно ќе ја изгуби битката со страшната болест.

„Бев беспомошен… збунет и гневен. Таа ме тешеше мене. Ми велеше ’Те молам душо, не се грижи. Тоа е само живот‘. Што можев да направам?

Дотогаш секојпат имаше нешто, некој нов третман. Но, бројот на опции ни се намалуваше. На крај, Кеси не сакаше да биде спасувана од машини“, сподели актерот.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-09.JPG

Касандра почина во декември 1991 година, на само 43-годишна возраст. Актерот до денес тагува за изгубената љубов, но вели дека по нејзината смрт го дал најдоброто од себе за да им овозможи што е можно посреќен живот на нивните деца.

„Таа ме направи мажот којшто сум, актерот којшто сум, таткото којшто сум денес. Таа е засекогаш врежана во моето битие. Таа е тука со мене, секој ден. Благословен сум што имав можност да запознаам таква личност“.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-10.JPG

Околу три години по смртта на Касандра, Пирс ја запозна сегашната сопруга – американската новинарка Кели Шеј Смит. Тие се венчаа во 2001 година и добија две деца – синовите Дилан и Парис.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-11.JPG

На Пирс конечно му се насмевнала среќата во приватниот живот и актерот уживаше со огромното семејство, сè до 2013 година, кога ќерка му Шарлот добила дијагноза за рак на јајниците.

Како што напоменавме, Шарлот е едно од биолошките деца на Касандра што Пирс ги посвои, па веројатно ракот на јајниците е наследен во нивното семејство.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-12.JPG

Речиси 22 години по смртта на првата сопруга, Пирс повторно се соочил со страшната болест. За жал, и Шарлот ѝ подлегна на болеста и почина во 2013-та на 41-годишна возраст.

„На 2 јуни мојата сакана ќерка Шарлот Емили почина, откако му подлегна на ракот на јајниците. Беше опкружена со нејзиниот сопруг, децата и браќата.

Шарлот се бореше со ракот со достоинство, храброст и грациозност. Нашите срца тагуваат за загубата на нашата убава сакана ќерка.

Се молиме за неа и за што побрзо да се најде лек за оваа бедна болест“, гласеше официјалната изјава на актерот за смртта на ќерка му.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-13.JPG

Нормално, актерот ја нема преболено ни смртта на ќерка му, но вели дека сопругата Кели секогаш му ја дава најголемата поддршка.

Актерот одвреме-навреме споделува објави во чест на починатата ќерка, најчесто за годишнината од смртта.

Годинава сподели фотографија направена од сегашната сопруга Кели, со опис:

„Гледам кон тебе дете… Во сеќавање на Шарлот“.

gi-izgubi-kjerkata-i-prvata-sopruga-od-rak-pred-da-si-ja-najde-srekjata-tragichnata-prikazna-na-pirs-brosnan-14.JPG

Прочитајте повеќе за бракот со втората сопруга:  Ја сака во секое издание: Зошто Пирс Броснан е неверојатен сопруг?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg