Факти за Чарлс Менсон, лидерот на најпознатиот култ чија мета биле холивудските ѕвезди - организирал над 35 убиства, но самиот не убил никого
Дури и воопшто да не ве интересираат сериски убијци, култови и разни злосторства, голема е веројатноста да имате слушнато за Чарлс Менсон и неговото „семејство“.
Чарлс Менсон беше лидер на култ од САД кој стана познат благодарение на неколкуте убиства извршени во доцните 1960-ти во Холивуд, вклучувајќи го и она на актерката Шерон Тејт.
Својот култ Менсон го нарекувал семејство, а најбизарно е што самиот нема убиено ниту една личност, туку членовите на култот убивале по негова наредба.
Па, кој всушност бил Чарлс Менсон и зошто до денес јавноста се згрозува кога ќе го чуе неговото име?
Чарлс е роден на 12 ноември 1934 година во Охајо. Неговата мајка имала само 16 години кога го родила, а познато е дека имала проблеми со алкохол и била вмешана во проституција.
По раѓањето на Чарлс, мајка му се венчала со Вилијам Менсон, но бракот не траел долго. По ова, Чарлс бил сместен во дом за сираци, а по неуспешниот обид да се врати кај мајка си, почнал да живее и на улица.
Околу две децении Менсон бил затворан и ослободуван во затвори и поправни установи, за во 1968 година да се пресели на ранч во Калифорнија, заедно со неговото „семејство“, односно неговиот култ.
Ранчот на Чарлс Менсон
Култот на Чарлс имал околу 100-тина членови, а сите редовно користеле халуциногени дроги. Чарлс ги уверувал членовите дека е Исус и дека сите заедно треба да се подготват за „расна војна“.
Во култот имало и многу млади девојки кои го гледале Чарлс како нивни спасител.
Во 1960-тите Чарлс се обидувал да стане музичар, а се верува дека овој неуспех го натерал да ги замрази холивудските ѕвезди. Имено, Чарлс имал аудиција со продуцентот на популарниот бенд Beach Boys (Чарлс бил пријател со еден од членовите), но тој не бил заинтересиран да прави договор со него.
Дел од членовите на култот
По ова, Чарлс сепак имал можност да напише песна – Cease to Exist, подоцна именувана во Never Learn Not to Love – која беше издадена на еден од албумите на Beach Boys.
Се верува дека култот на Чарлс е одговорен за околу 35 убиства. Но, поради недостаток од докази, за повеќето воопшто не бил осуден.
Најпознатото убиство на култот на Чарлс е она на актерката Шерон Тејт, која на денот на смртта била бремена, и тоа во осми месец.