10 неверојатни мисли на Софија Лорен за животот, љубовта и сексот

Култната италијанска актерска икона Софија Лорен наполни 86 години и сè уште е кралица на декаденцијата. Таа едноставно го има „она нешто“ коешто не се опишува со зборови и не се купува. Или го имаш или го немаш, а Лорен го има дури и отповеќе.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren-01.jpg

Зад неа има импресивна кариера, илјадници насловни страници во престижни списанија, многубројни кампањи за познати брендови. Нејзиното присуство е магнетско, нејзината убавина ретка и вонсериска.

Таа е вистинска жива легенда во светски рамки, а ова се нејзините 10 најпознати мисли за различни аспекти од животот:

За храната и гурманството

„Сè што гледате им го должам на шпагетите“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (1).jpg

За мајчинството

„Кога си мајка, никогаш не си вистински сама со своите мисли. Мајката секогаш мисли двапати, еднаш за себе и еднаш за своето дете“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (2).jpg

За убавината

„Убавината е како се чувствуваш во себе и се отсликува во твоите очи. Не е нешто физичко“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (3).jpg

За привилегираниот живот

„Двете најголеми предности што сум ги имала од раѓање е тоа што сум се родила мудра и што сум се родила сиромашна“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (4).jpg

За сексапилноста

„Сексапилноста е 50% од она што го имаш и 50% од она што луѓето мислат дека го имаш“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (5).jpg

За неуспехот

„Грешките се дел од давачките што човекот ги плаќа за живеење на исполнет живот“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (6).jpg

За успехот

„Напредувањето во тешка професија бара страсна верба во себеси. Затоа некои луѓе со просечен талент, но со голема внатрешна желба, одат многу подалеку од луѓето со супериорен талент“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (9).jpg

За образованието

„Погрешно е да мислите дека штом сте завршиле со училиштето ќе немате потреба да научите ништо ново“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (7).jpg

За болката

„Никогаш не сум се обидела да ги избришам спомените од минатото, иако некои се болни. Не ги разбирам луѓето што се кријат од своето минато. Сè што сте проживеале досега ви помогнало да станете личноста којашто сте“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (8).jpg

За модата

Женскиот фустан треба да биде како бодликава жица: да ѝ послужи на целта без да го попречува погледот“.

10-neverojatni-misli-na-Sofija-Loren (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg