Психички проблеми, космичка радијација – 9 причини зошто животот на астронаутите е далеку од забавен
Несоницата е чест проблем
Покрај постојаната врева, постојат и други нешта што го нарушуваат сонот на астронаутите. Најпрво, само помислете колку е тешко да заспиете во бестежинска состојба. Иако астронаутите се врзуваат кога спијат за да не одлетаат низ кабината, сигурно не е воопшто лесно да најдете удобна положба во оваа ситуација.
Покрај тоа, во вселената нема ден и ноќ како на Земјата. Астронаутите кои се на Станицата сведочат на неколку изгрејсонца и зајдисонца во само еден ден, а ова дефинитивно има лошо влијание врз циклусот на спиење.
Опасност од радијација
Додека сме на Земјата, ние сме заштитени од космичката радијација, но астронаутите на вселената се многу поизложени. Ова зрачење, пак, може да предизвика цела низа проблеми со здравјето.
Од НАСА постојано бараат начин да ја намалат изложеноста на радијација и некогаш им го скратуваат престојот во Станицата на астронаутите за кои постои поголем ризик да се соочат со здравствен проблем.
На телото му е потребна гравитацијата
Веќе спомнавме неколку лоши последици од микрогравитација, но постојат уште многу. На пример, кога сме на Земјата, гравитацијата на некој начин го компресира нашиот ’рбет.
Поради ова, кога се во микрогравитација, астронаутите „растат“ за неколку милиметри. Проблемот е што кога ќе се вратат на земјата, ’рбетот повторно се компресира, а според астронаутите ова е многу болно.
Одењето во тоалет е најпроблематичното нешто
За скоро сите астронаути, најлошото нешто во вселената е одењето во тоалет. На Станицата нема ниту тоалетна школка, ниту водовод, туку тоалет кој може да функционира во микрогравитација и кој не е воопшто практичен за употреба.
Станицата е опремена и со машина што ја прочистува урината на астронаутите и ја претвора во вода за пиење.
Забавна тура низ Меѓународната вселенска станица со астронаутот Стивен Свансон:
Спирова С. | Црнобело