Не менувај боја на коса пред важен настан - Женски „правила“ за посреќен живот
Во деновите кога ви треба мало освестување и „шлаканица“ од животот која ќе ве врати во реалноста, ви требаат овие правила и потсетници за посреќен живот.
Едноставни, лесни за паметење, а исклучително точни во секој период и дел од животот:
1. Не паничи. Застани, диши, мисли.
2. Никој не мисли на тебе. Сите мислат на себе, баш како и ти.
3. Никогаш не ја менувај фризурата или бојата на косата пред важно случување.
4. Ништо не е толку лошо и толку добро како што изгледа.
5. Подобро купи една работа која ти се допаѓа, отколку 3 евтини кои половично ти се допаѓаат.
6. Тајната на успехот е во тоа како се опоравуваш од неуспехот.
7. Биди искрена. И добра.
8. Купувај го само она во што би заиграла.
9. Верувај им на своите инстинкти, не на бујната фантазија.
10. Не очекувај светот да биде безбеден, а животот праведен.
11. Понекогаш мора да ги пуштиш работите да одат по својот тек.
12. Не жали за ништо.
13. Ако случајно почнеш да жалиш за нешто и си помислиш „Ех, требаше да...“ на тоа додади „...но, можеби така ќе ме прегазеше камион“ и насмеј се.
М. Д. | Црнобело