Во една година „губиме“ 3 килограми мртва кожа – факти за човечкото тело кои звучат нереално
8. Најсилниот мускул во нашето тело е оној којшто ја контролира вилицата и кој ни помага да гриземе и џвакаме. Рекордот за најсилен гриз го држи Ричард Хофман од Флорида, кој во 1986-та година гризнал со сила од 442 килограми.
9. Околу 40% од луѓето се раѓаат со екстра коска во нивните колена. Некогаш експертите мислеле дека луѓето ја изгубиле оваа коска поради еволуцијата, но пред околу еден век била повторно забележана и сега се појавува трипати почесто.
10. Ако жената има позитивна крвна група, без проблем може да роди дете и со позитивна, и со негативна крвна група. Но, ако жената има негативна крвна група, а детето позитивна, можат да настанат проблеми за време на бременоста. Во овој случај организмот на жената ќе го гледа фетусот како страно тело и ќе се обидува да се ослободи од него. За среќа, за ова постојат посебни инјекции кои го решаваат проблемот.
11. Сите знаеме дека воспалението на слепото црево е доста честа појава и долг период се веруваше дека овој орган нема никаква функција, освен да предизвикува проблеми. Но сега некои истражувања покажуваат дека слепото црево и не е така бескорисно – имено, овој орган ги штити „добрите“ бактерии во дигестивниот систем.
12. Иако детокс диетите и пијалаците се огромен хит последниве неколку години, експертите тврдат дека на нашето тело не му е потребно ништо такво бидејќи имаме орган за детоксикација – црниот дроб. Што значи, ако немате проблеми со овој орган и тој си ја врши својата функција, детоксикацијата со храна и слично е целосно непотребна.
13. Живите организми на Земјата имаат неверојатна моќ на приспособување, а ова важи и за човечкото тело. На пример, луѓето кои со генерации живеат на планини и високи места еволуирале и имаат поголеми бели дробови, бидејќи тамошниот воздух е поредок. Луѓето познати како Баџау, пак, илјадници години живеат покрај вода во Индонезија и Филипините и нуркањето без опрема е дел од нивното секојдневие. Поради ова, со текот на времето кај нив се зголемила слезината, со тоа овозможувајќи им да остануваат подолго време под вода без кислород.
Спирова С. | Црнобело