Во една година „губиме“ 3 килограми мртва кожа – факти за човечкото тело кои звучат нереално

8. Најсилниот мускул во нашето тело е оној којшто ја контролира вилицата и кој ни помага да гриземе и џвакаме. Рекордот за најсилен гриз го држи Ричард Хофман од Флорида, кој во 1986-та година гризнал со сила од 442 килограми.

9. Околу 40% од луѓето се раѓаат со екстра коска во нивните колена. Некогаш експертите мислеле дека луѓето ја изгубиле оваа коска поради еволуцијата, но пред околу еден век била повторно забележана и сега се појавува трипати почесто.

10. Ако жената има позитивна крвна група, без проблем може да роди дете и со позитивна, и со негативна крвна група. Но, ако жената има негативна крвна група, а детето позитивна, можат да настанат проблеми за време на бременоста. Во овој случај организмот на жената ќе го гледа фетусот како страно тело и ќе се обидува да се ослободи од него. За среќа, за ова постојат посебни инјекции кои го решаваат проблемот.

vo-edna-godina-gubime-3-kilogrami-mrtva-kozha-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-05.JPG

11. Сите знаеме дека воспалението на слепото црево е доста честа појава и долг период се веруваше дека овој орган нема никаква функција, освен да предизвикува проблеми. Но сега некои истражувања покажуваат дека слепото црево и не е така бескорисно – имено, овој орган ги штити „добрите“ бактерии во дигестивниот систем.

12. Иако детокс диетите и пијалаците се огромен хит последниве неколку години, експертите тврдат дека на нашето тело не му е потребно ништо такво бидејќи имаме орган за детоксикација – црниот дроб. Што значи, ако немате проблеми со овој орган и тој си ја врши својата функција, детоксикацијата со храна и слично е целосно непотребна.

13. Живите организми на Земјата имаат неверојатна моќ на приспособување, а ова важи и за човечкото тело. На пример, луѓето кои со генерации живеат на планини и високи места еволуирале и имаат поголеми бели дробови, бидејќи тамошниот воздух е поредок. Луѓето познати како Баџау, пак, илјадници години живеат покрај вода во Индонезија и Филипините и нуркањето без опрема е дел од нивното секојдневие. Поради ова, со текот на времето кај нив се зголемила слезината, со тоа овозможувајќи им да остануваат подолго време под вода без кислород.

vo-edna-godina-gubime-3-kilogrami-mrtva-kozha-fakti-za-chovechkoto-telo-koi-zvuchat-nerealno-06.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg