Во една година „губиме“ 3 килограми мртва кожа – факти за човечкото тело кои звучат нереално
Луѓето уште еволуираат, мозокот троши 20% од целата енергија на нашето тело, а изгледа дека слепото црево не е бескорисен орган кој само ни предизвикува проблеми.
Без разлика што експертите со векови се обидуваат да го разберат човечкото тело и да научат за неговите процеси, постојат бројни работи кои уште не им сe јасни ни на најголемите умови.
Нашето тело е една од најкомплексните „природни“ машини, составено е од илјадници делови, а поради речиси совршениот дизајн, во него хармонично се извршуваат стотици функции, дури и кога сме во длабок сон.
Ако не верувате дека човечкото тело е едно од најчудните нешта што постојат, овие факти ќе ве убедат во спротивното:
1. За време на бременост, количеството крв што го пумпа срцето се зголемува за 30% до 50%. Истовремено, се зголемува и волуменот на крвта во телото на жената, и тоа за речиси 50%.
2. Во текот на еден час, просечниот човек „губи“ помеѓу 30.000 и 40.000 клетки мртва кожа, а во период од 24 часа губиме речиси милион клетки мртва кожа. Според оваа бројка, секој од нас губи околу 3,6 килограми мртва кожа во текот на една година. Овие мртви клетки, пак, завршуваат во нашите домови и сочинуваат голем дел од прашината во домот.
3. Потребно е помалку време да останете бремени и да родите дете, отколку да ви порасне паднатиот нокт на стапалото. Бременоста, како што веќе знаете, трае 9 месец, но за да ви порасне ноктот на стапалото кој паднал потребни се околу 18 месеци.
4. Нашиот мозок има набори од едноставна причина – за да биде поефикасен. Експертите сметаат дека со еволуцијата, нашите мозоци станувале поголеми, а со тоа и помоќни, но поради ограничениот простор во черепот, почнале да се создаваат набори. Истовремено, се верува дека со овој „дизајн“ се зголемува брзината на испраќање сигнали од едно до друго место во мозокот.
5. Иако мозокот зафаќа многу мал процент од нашиот организам, тој троши околу 20% од енергијата на нашето тело.
6. Рожницата на нашето око е единствениот дел од телото кој нема крвни садови и функционира без крв. Овој дел од окото нема крвни садови бидејќи мора да биде проѕирен за да не ни пречи во гледањето.
7. Вие сте многу посилни отколку што мислите – вашите мускули се способни да кренат многу поголема тежина отколку вашиот рекорд во теретана, но мозокот го спречува ова со цел да се избегнат повредите. Но во некои ситуации, особено стресни и кога се лачи многу адреналин, мозокот им „дозволуваа“ на мускулите да ја покажат нивната вистинска моќ. Токму затоа слушаме приказни за луѓе кои покажале натчовечка сила во опасни моменти, како кога спасувале некоја друга личност.