Факти за најпознатиот корејски бенд BTS - заработуваат вртоглави суми, имаат 48 милиони следбеници на Инстаграм

Седумте момчиња еднаш живееле во еднособен стан

Нивните почетоци биле многу тешки. Иако денес се чини дека уживаат светска слава и имаат огромни заработки, имало период кога седумте момчиња живееле во еднособен стан и се бореле како да сврзат „крај со крај“. Им биле потребни цели 3 години за да почнат да креираат музика.

Бендот не го формирале сами, туку почнале да одат на аудиции за продуцентската куќа Big Hit Entertainment уште во 2010-тата но, за првпат се појавиле на сцената во 2013-тата година. Во 2017-тата година тие се преселиле во еден од најскапите станбени комплекси во Сеул.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-13.jpg

Suga не може да си најде пантолони

Suga со својот обем на половината од околу 70 cm може да предизвика завист кај поголем број од девојките. Но, како што вели, тој има проблеми кога треба да си најде пантолони. Пред да стане дел од BTS тој бил познат како андерграунд рапер кој бил познат под уметничкото име Gloss. Затоа сосема е очекувано што денес тој е главен рапер во бендот.

Тој еднаш изјавил дека кога ќе стане богат на своите фанови ќе им купи телешко месо (што е мошне скапо во Јужна Кореја поради царинските трошоци). За својот 25-ти роденден тој потроши 19.000 долари за да купи телешко месо со за деца без родители.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-09.jpg

Jungkook има фобија од микробранови печки

Членовите на бендот постојано се потсмеваат на сметка на Jungkook затоа што тој постојано се плаши од микробрановата печка. Тој вели дека постојано се грижи дека може да експлодира во секој миг.

За овој член од групата е познато и тоа што иако во моментов бендот е мошне успешен, тој веќе има планови со што сака да се занимава кога ќе се „пензионира“. Тој сонува еден ден да стане уметник за тетоважи. Истовремено, тој е најмладиот член на бендот и е роден на 1-ви септември 1997-ма година.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-08.jpg

Патот до светската слава

Освен што нивната музика стана мошне популарна благодарение на социјалните мрежи и на интернетот, тие во 2017-тата година настапија на American Music Awards што беше нивен прв настап во САД. Тие денес се заштитни лица на неколку модни брендови. Имаат успешна соработка со UNICEF.

fakti-za-najpoznatiot-korejski-bend-bts-zarabotuvaat-vrtoglavi-sumi-imaat-48-milioni-sledbenici-na-instagram-10.jpg

Со оглед на тоа што во светот се појави огромен интерес за нив, очигледно тие се првиот од јужнокорејските популарни бендови што го поплочува патот до светската слава и го отвора патот за понатамошен пробив на јужнокорејската музика на светската сцена.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Психолошки факти кои ќе ви разјаснат многу работи за нашето однесување Знаевте ли дека кога зборуваме странски јазик, настојуваме да си го менуваме кар...
Шпекулации за љубовна врска со Шакира, родителите му се славни бодибилдери: Што знаеме за Алфи од Em... Беше доволно само кратко појавување во една епизода на Emily in Paris, за Лусиен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg